Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
НАЈНОВО

ФФМ со уникатен подарок за Чеферин – македонски шарпланинец! (ВИДЕО)

17 април 2026

(Фото) Потресна исповед на принцот Хари: „Тоа ја уби мојата мајка“

16 април 2026

Љутков: Потребно е УНЕСКО да ја види реалната состојба во Охрид

16 април 2026

Љутков: Секогаш ќе ми фали мојата професија!

16 април 2026

Љутков: Колективниот договор е еден од најдобрите, но со време станал нефункционален

16 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 17
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

„Вратете го Колективниот договор веднаш“

Press OnlineBy Press Online16 април 2026 Вести
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Работниците во културата, организирани од Синдикатот на културата, протестираа мирно пред Министерството, барајќи почитување на Колективниот договор и достоинство на нивната професија.

Со транспаренти „Вратете го Колективниот договор веднаш“ и „Културата не се укинува“, тие изразија незадоволство поради, како што велат, загрозување на нивните права.

Протестот доаѓа по неуспешната средба меѓу Синдикатот и Министерството, на која не беше постигнат договор, додека од Министерството беше соопштено дека дијалогот ќе продолжи со поинтензивна динамика во наредниот период.

Од Синдикатот нагласија дека реакцијата доаѓа по одлуката на Уставниот суд за започнување постапка за укинување на Колективниот договор, како и поради, според нив, прекршувања во начинот на пресметка на платите и непочитување на договорените права на работниците во културата.

„Велиме дека Уставниот суд не треба да биде средство за реваншизам, не треба да биде средство за казнување на оние што се гласни, кои бараат тоа што постои. Но ова не е прашање на милост, ова е прашање на права. Поднесовме 800 тужби, затоа што ни беа затворени вратите за дијалог, затоа што министерот одлуките ги носеше сам, со неговите експерти, без синдикатите“, изјави Верица Атанасовска, претседателка на СКРМ.

„Проблемите во културата почнуваат од оваа зграда, а одлуката на Уставниот суд само ја прели чашата! 30 години сите проблеми се од овде, без разлика кој е министер!“ – изјави Гоце Павловски од СКРМ.

„Ако се обединиме, ни власта не може ништо да ни направи, но кога сме поделени, сме сами!“ – вели Диу Рашити, актер од Албанскиот театар.

„Оваа држава која има толку непродуктивни трошоци, која троши за сè, пак ја удира и ја уништува Колективната спогодба! Па добро, навистина, зарем не е доста веќе?! Дали има смисла повеќе!? Се наметна наратив дека ние во културата имаме високи плати, а тој наратив го наметнаа оние што земаат 10 пати повисоки плати од нас“, изјави Сања Арсовска од СКРМ.

Министерот за култура Зоран Љутков, во емисијата „Клик Плус“, изрази оптимизам за решение преку дијалог и разговори. Колективниот договор од 2020 година го оцени како добар, но рече дека сега е поминато време и текстот наидува на пречки бидејќи не е усогласен со националната стратегија или Законот за култура. Поради тоа, рече дека Министерството побарало пред да почнат да работат на Националната стратегија 2026 и нови законски решенија, да седнат со синдикатите и да разговараат.

„Она што јас го побарав е додека сме во судски процес и не сме се договориле околу пресметката на платите, за што јас мислам дека е апсолутно исправно, тогаш да продолжиме да работиме на другите делови од Колективниот договор и да им ги објасниме стратегиите и нашите планови за иднината, затоа што ние ги третираме синдикатите како социјален партнер. Но тука не најдовме разбирање, дојдовме до заклучок дека додека не се реши системот со платите, нема што понатаму да разговараме“, вели Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Протестот беше поддржан и од Сојузот на синдикати на Македонија. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, рече дека не станува збор само за Колективниот договор во културата, туку за сите колективни договори во кои е утврден начинот и методологијата на пресметка на платите, без разлика дали станува збор за просечна или минимална плата според коефициентот на сложеност.

Поврзани содржини

Љутков: Потребно е УНЕСКО да ја види реалната состојба во Охрид

16 април 2026

Љутков: Секогаш ќе ми фали мојата професија!

16 април 2026

Љутков: Колективниот договор е еден од најдобрите, но со време станал нефункционален

16 април 2026
НАЈНОВО

ФФМ со уникатен подарок за Чеферин – македонски шарпланинец! (ВИДЕО)

17 април 2026

(Фото) Потресна исповед на принцот Хари: „Тоа ја уби мојата мајка“

16 април 2026

Љутков: Потребно е УНЕСКО да ја види реалната состојба во Охрид

16 април 2026

Љутков: Секогаш ќе ми фали мојата професија!

16 април 2026

Љутков: Колективниот договор е еден од најдобрите, но со време станал нефункционален

16 април 2026
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Свет
  • Спорт
  • Магазин
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.