Во 2023 година, градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, го презентираше проектот за изградба на колектор и пречистителна станица за отпадни води, кој требаше да опфати неколку села во општината.
Сепак, тендерот беше поништен неколку пати и работите сè уште не се започнати. Прашан денеска за ова, Касами изјави дека операторот е избран и дека по завршување на рокот за жалби се очекува да се потпише договорот и да почнат градежните активности.
„Што се однесува до проектот за колекторот на отпадни води, заедно со пречистителната станица, избран е оператор и за реализација на работите на главниот колектор, како и за пречистителната станица. Во тек се жалбените постапки, кои траат во овој период, и по нивното завршување ќе се потпише договорот и ќе му се издаде налог на операторот да излезе на терен. Значи, за да ја информираме јавноста: операторот е избран и за колекторот и за пречистителната станица.“, рече Биљал Касами.
Според Касами, работите на терен ќе започнат во текот на летото.
„Штом завршат жалбените постапки, ќе започнат работите на терен. И верувам дека во текот на ова лето ќе започнат работите.“, вели Касами.
Според Касами, проектот е инициран уште во 2024 година, но во тој период бил запоставен од претходното раководство. Истакна дека, во координација со претставници на Делегацијата на Европската Унија, Министерството за финансии и Министерството за животна средина, било побарано завршување на процесот на експропријација во зоните каде што поминува колекторот. Според него, во Министерството за финансии, односно во Управата за имотно-правни работи, биле доставени околу 1.400 предмети за експропријација во краток рок. Сепак, и покрај првичните најави дека работите ќе започнат во 2024 година, тендерот бил поништен неколкупати, што предизвикало доцнење во реализацијата.

