Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

ЕКСКЛУЗИВНИ видео снимки на Фронтлајн од Будимпешта: Унгарците го слават падот на Орбан

17 април 2026

Мицкоски: Состојбата со нафтата и нафтените деривати е добра, имаме најевтини горива во регинот

17 април 2026

Мицкоски за писмата на Филипче до ЕУ: „Секој има право да пишува, но моите чувства се сè посилни“

17 април 2026

Стармер му кажа „не“ на Трамп: Лондон нема да блокира ирански пристаништа

17 април 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДС наместо реформи се фокусира на странски избори и пропаганда

17 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 17
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Стармер му кажа „не“ на Трамп: Лондон нема да блокира ирански пристаништа

Press OnlineBy Press Online17 април 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Велика Британија нема да се приклучи на американската поморска блокада на иранските пристаништа во Ормускиот теснец, објави BBC News.

Според информациите, владата на премиерот Кир Стермер  одлучила британските воени сили да не учествуваат во операцијата што ја најави Доналд Трамп. Наместо тоа, Велика Британија ќе продолжи со присуство во регионот преку активности како расчистување мини и одбрана од дронови, но без директно учество во блокадата.

Од Лондон порачуваат дека приоритет останува слободата на пловидба и повторното отворање на Ормускиот теснец, кој е клучен за глобалната економија, имајќи предвид дека низ него поминува околу една петтина од светските испораки на нафта и течен гас.

Американската администрација ја најави блокадата по неуспешните преговори со Иран за прекин на конфликтот во регионот. Според Централната команда на САД, мерката ќе се спроведува „непристрасно“ за сите бродови што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа.

И покрај изјавите на Трамп дека сојузници, вклучително и Велика Британија, би можеле да се приклучат, британската влада јасно стави до знаење дека нема да има директно воено ангажирање. Наместо тоа, Лондон повикува на деескалација и дипломатско решение.

Во меѓувреме, тензиите во регионот веќе имаат економски последици, со раст на цените на нафтата над 100 долари за барел, поради неизвесноста околу транспортот низ Ормускиот теснец.

Поврзани содржини

ЕКСКЛУЗИВНИ видео снимки на Фронтлајн од Будимпешта: Унгарците го слават падот на Орбан

17 април 2026

Петер Маѓар со порака до Никола Груевски

17 април 2026

Белата куќа ги демантира вестите за барање за прекин на огнот со Иран: Пакистан останува единствен медијатор

17 април 2026
НАЈНОВО

ЕКСКЛУЗИВНИ видео снимки на Фронтлајн од Будимпешта: Унгарците го слават падот на Орбан

17 април 2026

Мицкоски: Состојбата со нафтата и нафтените деривати е добра, имаме најевтини горива во регинот

17 април 2026

Мицкоски за писмата на Филипче до ЕУ: „Секој има право да пишува, но моите чувства се сè посилни“

17 април 2026

Стармер му кажа „не“ на Трамп: Лондон нема да блокира ирански пристаништа

17 април 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДС наместо реформи се фокусира на странски избори и пропаганда

17 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.