Во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека СДС со актуелното раководство предводено од Венко Филипче нема реална политика, реформи, идеи ниту програма, оценувајќи дека партијата се потпира исклучиво на, како што велат, пропаганда преку соопштенија што не соодветствуваат со реалноста и состојбите во државата.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека т.н. ПР тим на Зоран Заев, составен од Башановиќ и Шчекиќ, го насочил СДС и Филипче кон фокус на избори во други држави, наместо кон внатрешни партиски реформи и промени.
Во партиското соопштение се наведува дека СДС не се занимава со сопствените слабости и пад на рејтингот, туку вниманието го насочува кон политички процеси надвор од државата, при што, како што се додава, нивната сестринска партија остварила минимален резултат од околу 1 процент од гласовите.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека, според нив, во краток период СДС се конфронтирал со сопартијци, медиуми и новинари, а сега се обидува да создава тензии и сВМРО-ДПМНЕ: За СДС, ВМРО не било држава, било банда, Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански не заслужуваат вакви погрдни зборови

