Времето денеска беше променливо облачно со повремени сончеви периоди, а во источните делови беше забележана и појава на ретки грмежи. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец.
Максималната дневна температура се движеше од 8 степени на Попова Шапка до 23 степени во Скопје – Петровец. Во Скопје – Зајчев Рид беа измерени 21 степен, додека во повеќе градови низ земјава температурите се движеа меѓу 18 и 22 степени.
До крајот на денот се очекува времето да остане променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Во југозападните и јужните делови ќе има услови за нестабилност, проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе биде слаб до умерен и ќе дува од променлив правец.
Утре времето ќе биде слично – променливо облачно со сончеви периоди, а во јужните делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 6 до 12 степени, додека максималните ќе достигнат од 17 до 25 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 23 степени.
Во наредните денови, времето ќе остане променливо облачно со сончеви периоди. Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, а ќе има и услови за локален дожд и ретки грмежи. Од вторник повторно се очекува поизразена нестабилност со врнежи од дожд и појава на грмежи.

