Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Обвинение за судијата Ристов кому 350.000 евра беа пронајдени заѕидани во цигли

17 април 2026

ЕКСКЛУЗИВНИ видео снимки на Фронтлајн од Будимпешта: Унгарците го слават падот на Орбан

17 април 2026

Мицкоски: Состојбата со нафтата и нафтените деривати е добра, имаме најевтини горива во регинот

17 април 2026

Мицкоски за писмата на Филипче до ЕУ: „Секој има право да пишува, но моите чувства се сè посилни“

17 април 2026

Стармер му кажа „не“ на Трамп: Лондон нема да блокира ирански пристаништа

17 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 17
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Јаневска: Реформската агенда ни наложува промени во високото образование, за тоа е потребна и нова законска рамка што сега ја креираме

Press OnlineBy Press Online16 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Високото образование и науката ќе добијат нова законска рамка која нуди многу повеќе можности за професорите, научниците, истражувачите и студентите за личен развој и за придонес кон градењето на општество базирано на знаења, вештини, научни достигнувања и иновации. Година и половина водиме целосно транспарентен процес и изразувам благодарност до академската заедница и научната фела, до сите политички и општествени чинители кои на било каков начин дадоа придонес кон изработката на новиот пакет закони.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешната прес конференција во Владата на која заедно со премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски, ректорите на шесте државни универзитети и на Универзитетот на Југоисточна Европа се осврнаа на потребата и процесот на изработка на новиот Предлог закон за високо образование, но и на законите за обезбедување квалитет во високото образование и за научно – истражувачка дејност.

„Се сретнавме со сите, ги слушнавме вработените на јавните универзитети, на приватните, на научните установи и МАНУ. Прифативме бројни конструктивни сугестии, а критичкиот осврт на академската и научната заедница многу помогна за подготовка на најдобрата верзија на законот. Не е ова одглумена дебата, таква не би траела толку долго. И не е принципот на работа од 2018 година, кога закони носеше министерскиот кабинет“, рече Јаневска.

Министерката особено се осврна на новините и придобивките од новиот Закон за високо образование, посочувајќи дека нуди меритократија преку показатели за истражувачка продуктивност, интернационализација и соработка меѓу универзитетите, мерливост на квалитет, видливост на високообразовните установи и на наставниот кадар, погодности за студенти и можности за стекнување повисоки знаења преку поквалитетни студиски програми и повеќе практична обука, но и модуларност во наставата. Предвидено е интензивирање на учеството на бизнис заедницата во дизајнот на студиските програми и нивна евалуација заради адаптација кон промените на пазарот на трудот и општеството.

Јаневска посочи и дека процесот на изработка на законските решенија бил отежнат поради лиферуваните лажни вести и дезинформации од разни центри со моќ за влијание врз јавното мислење, а како примери ги посочи нарушувањето на автономијата на универзитетите, укинување на вонредните студии и укинување на фондот за покривање на трошоците за објавување научни трудови во меѓународни научни списанија.

„Порачувам дека неоснована отпорност кон позитивни промени, особено политичка и тоа само поради ривалство, повеќе не смее да биде закана или пречка за развојот на високото образование и за стимулација на науката. Неопходно е единство, затоа што оваа цел – подобрување на квалитетот на високото образование е всушност и обврска за земјата во Реформската агенда и заедничка е одговорноста“, рече Јаневска, додавајќи дека државата ќе ги обезбеди сите неопходни ресурси и механизми за достојна примена на новата законска регулатива, а тоа ќе спречи натамошен пад на квалитетот на високото образование и напредок на среден рок.

Поврзани содржини

Обвинение за судијата Ристов кому 350.000 евра беа пронајдени заѕидани во цигли

17 април 2026

Мицкоски: Состојбата со нафтата и нафтените деривати е добра, имаме најевтини горива во регинот

17 април 2026

Мицкоски за писмата на Филипче до ЕУ: „Секој има право да пишува, но моите чувства се сè посилни“

17 април 2026
НАЈНОВО

Обвинение за судијата Ристов кому 350.000 евра беа пронајдени заѕидани во цигли

17 април 2026

ЕКСКЛУЗИВНИ видео снимки на Фронтлајн од Будимпешта: Унгарците го слават падот на Орбан

17 април 2026

Мицкоски: Состојбата со нафтата и нафтените деривати е добра, имаме најевтини горива во регинот

17 април 2026

Мицкоски за писмата на Филипче до ЕУ: „Секој има право да пишува, но моите чувства се сè посилни“

17 април 2026

Стармер му кажа „не“ на Трамп: Лондон нема да блокира ирански пристаништа

17 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.