Вечерва, бил нападнат и тешко повреден газда на хотел во Скопје, а како што неофицијално дознава ,,Фокус”, истиот бил нападнат од синови на неговиот кум, кои се со полициско досие.
Од МВР добивме информација дека се случил инцидент, и се трага по напаѓачите кои се во бегство.
-Денеска (16.04.2026) во 21:40 часот во СВР Скопје пријавено е нарушување на јавниот ред и мир во хотел во Скопје. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на местото од пријавата при што констатирано е дека физички бил нападнат П.Н. од страна на две лица од с.Ржаничино кои по нападот со патничко возило го напуштиле местото. Повредениот со возило од Итна медицинска помош е пренесен во Клинички центар Мајка Тереза за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, одговорија од МВР за ,,Фокус”.
Повеќе детали за случајот се очекуваат во текот на утрешнио

