Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Данок за УЈП по пет години: Народниот правобранител алармира за правна несигурност, добиле 20 жалби

17 април 2026

Дoјави за бомби во два трговски во Сараево

17 април 2026

(ВИДЕО) Јовановска: Груевски или ќе си најде нова дестинација или ако дојде дома ќе биде амнестиран

17 април 2026

Двајцата ученици-напаѓачи од Турција биле зависници од иста игра

17 април 2026

Филипче: Дебакл на економијата на Мицкоски – странските инвестиции паѓаат, граѓаните со празни фрижидери

17 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, април 18
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Двајцата ученици-напаѓачи од Турција биле зависници од иста игра

Press OnlineBy Press Online17 април 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Новите информации од истрагата за двата крвави напади во училиштата во Шанлиурфа и Кахраманмараш откриваат загрижувачки заеднички детали за напаѓачите. Во нападите, кои се случија во рок од околу 24 часа, загинаа 12 лица, вклучително и двајцата напаѓачи, а 33 лица беа повредени.

Според првичните сознанија, двајцата ученици кои ги извршиле нападите биле зависници од популарната видеоигра PUBG, која содржи елементи на насилство и борба за преживување.

Првиот напад се случи на 14 април во Средното стручно-техничко училиште „Ахмет Којунџу“ во Сиверек, каде беа повредени 16 лица, меѓу кои и наставници и ученици. Напаѓачот Омер Кет по нападот си го одзел животот со оружјето што го користел.

Само еден ден подоцна, нов напад ја потресе јавноста во Кахраманмараш. Шеснаесетгодишниот Иса Арас Мерсинли, користејќи пет пиштоли кои му припаѓале на неговиот татко пензиониран полициски службеник – влегол во училиштето и ранил еден наставник и осум ученици. И тој загинал во текот на нападот.

Истрагата открива дека кај напаѓачот од Кахраманмараш бил пронајден документ на неговиот компјутер, датиран неколку дена пред нападот, во кој најавувал извршување на голема акција. Сепак, засега не е утврдена поврзаност со терористички организации.

Наставниците и блиските опишуваат дека станува збор за тивок и повлечен ученик, но со силна зависност од видеоигри со воена тематика. Од друга страна, напаѓачот од Сиверек бил активен на социјалните мрежи, каде објавувал заканувачки пораки, предупредувајќи дека „наскоро ќе има настани во училиштето“.

Случаите отворија сериозна дебата за влијанието на насилните видеоигри врз младите, но и за пропустите во безбедноста и контролата на оружјето.

Поврзани содржини

Дoјави за бомби во два трговски во Сараево

17 април 2026

За влез во Грција од јуни ви треба нов сет прва помош во возилото, плус термално ќебе

17 април 2026

Почина уште едно лице од масакрот во училиште во Турција

17 април 2026
НАЈНОВО

Данок за УЈП по пет години: Народниот правобранител алармира за правна несигурност, добиле 20 жалби

17 април 2026

Дoјави за бомби во два трговски во Сараево

17 април 2026

(ВИДЕО) Јовановска: Груевски или ќе си најде нова дестинација или ако дојде дома ќе биде амнестиран

17 април 2026

Двајцата ученици-напаѓачи од Турција биле зависници од иста игра

17 април 2026

Филипче: Дебакл на економијата на Мицкоски – странските инвестиции паѓаат, граѓаните со празни фрижидери

17 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.