Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Маѓар разговарал со Фицо, му поставил услов

21 април 2026

Владата донесе одлука за ограничување на маржата на вештачките ѓубрива

21 април 2026

 Киднапирана 28-годишна жена, силувана, тепана и три дена држена во заробеништво

21 април 2026

Борисов ја префрли вината за поразот на ГЕРБ на Пеевски и ПП-ДБ. Не мисли да дава оставка

21 април 2026

Украина ќе ги добие 90-те милијарди евра од ЕУ за неколку дена, тврдат од Киев

21 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, април 21
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

„Ај честито, злато си“: Во судница се читаа пораките меѓу Димитровска и ревизорот кој полагаше во нејзино име

Press OnlineBy Press Online21 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Ај честито и злато си, частам ручек“. Ова е само дел од писмената комуникација што денеска беше презентирана во судницата на рочиштето против поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, која се товари за одавање службена тајна и компјутерски фалсификат, пренесе Прес24.



Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција пред судот ги читаше пораките кои Димитровска си ги разменувала со ревизорот Миле Столевски, на денот кога, според обвинението, тој наместо неа го полагал тестот за добивање безбедносен сертификат.

Според презентираните докази, откако Димитровска му ги дала своите корисничко име и лозинка, комуникацијата течела на следниот начин:

Столевски: Ќе полагам сега.

Димитровска: Ради ДКСК, ај со среќа.

Столевски: Фала.

Димитровска: Како ти оди?

Столевски: Само што завршив со курсот, сега ќе полагам.

Комуникацијата завршила со ПДФ-документ испратен до Димитровска – електронски издаден сертификат од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации, на нејзино име.

Во исто време, беа презентирани и пораки од друга обвинета во предметот, Билјана Петровска-Мандева, вработена во ТЕЦ Неготино. Обвинителството тврди дека таа преку пораки го известувала поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ (обвинет во случајот „Адитив“), дека е отворена истрага за набавката на мазут.Како доказ беше посочено дека таа му фотографирала наредба од Бирото за јавна безбедност (БЈБ) која пристигнала во компанијата.

И покрај презентираните докази, Димитровска, Столевски и Мантева се изјаснија дека не се чувствуваат виновни



Поврзани содржини

Владата донесе одлука за ограничување на маржата на вештачките ѓубрива

21 април 2026

 Киднапирана 28-годишна жена, силувана, тепана и три дена држена во заробеништво

21 април 2026

Завршни зборови за свирепото убиство во Штип: Обвинителството бара казна, одбраната тврди дека Асанов е невин

21 април 2026
НАЈНОВО

Маѓар разговарал со Фицо, му поставил услов

21 април 2026

Владата донесе одлука за ограничување на маржата на вештачките ѓубрива

21 април 2026

 Киднапирана 28-годишна жена, силувана, тепана и три дена држена во заробеништво

21 април 2026

Борисов ја префрли вината за поразот на ГЕРБ на Пеевски и ПП-ДБ. Не мисли да дава оставка

21 април 2026

Украина ќе ги добие 90-те милијарди евра од ЕУ за неколку дена, тврдат од Киев

21 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.