Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

22 април 2026

И тие што го подржуваа се радуваат на оставката на Сарафов: Обвинителска драма на бугарски начин

22 април 2026

Украина му го врти грбот на Доналд Трамп

22 април 2026

(Видео) МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

22 април 2026

Во Анкара средба Ердоган – Руте зад затворени врати

22 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, април 22
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Во Анкара средба Ердоган – Руте зад затворени врати

Press OnlineBy Press Online22 април 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Анкара – Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска се сретна со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

– Средбата на која присуствуваа и министрите за надворешни работи и за одбрана, Хакан Фидан и Јашар Ѓулер, како и главниот советник за надворешна политика и безбедност на претседателот, Акиф Чагатај Калач, се одржа зад затворени врати.

Посетата на Руте на Анкара е пред планираниот самит на НАТО во Турција, што треба да се одржи на 7 и 8 јули.

Претходно Руте го посети седиштето на турската одбранбена компанија „Аселсан“ и ја пофали „револуцијата во турската одбранбена индустрија.

– Соочени со огромните опасности, пред кои се наоѓаат земјите од НАТО, мора да продолжиме по овој пат произведувајќи и иновирајќи уште повеќе и уште побрзо. Ова се системи за воздушна одбрана, беспилотни летала, муниција, радари, вселенски капацитети и многу повеќе што ќе нè заштитат. Вие развивате најсовремени технологии … и тоа е она што ни треба – истакна Руте.

Тој истакна и дека „НАТО е подготвен за вакви закани и секогаш ќе направи она што е потребно за да ја одбрани Турција и сите други земји членки“. 

Поврзани содржини

И тие што го подржуваа се радуваат на оставката на Сарафов: Обвинителска драма на бугарски начин

22 април 2026

ЕУ ќе подготви нацрт-договор за пристапување на Црна Гора

22 април 2026

Радев победи, главниот обвинител Сарафов поднесе оставка

22 април 2026
НАЈНОВО

Комисија за култура на СДСМ: Јубилејот на Драмски театар помина без неговите вработени

22 април 2026

И тие што го подржуваа се радуваат на оставката на Сарафов: Обвинителска драма на бугарски начин

22 април 2026

Украина му го врти грбот на Доналд Трамп

22 април 2026

(Видео) МВР: Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица

22 април 2026

Во Анкара средба Ердоган – Руте зад затворени врати

22 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.