Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

22 април 2026

Иран нападна три брода во Ормускиот теснец. Од преговорите ни трага

22 април 2026

Радев победи, главниот обвинител Сарафов поднесе оставка

22 април 2026

Page not found – Либертас

22 април 2026

Судскиот совет го усвои годишниот извештај за 2025: избрани 68 нови судии, разрешени двајца

22 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, април 22
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Судскиот совет го усвои годишниот извештај за 2025: избрани 68 нови судии, разрешени двајца

Press OnlineBy Press Online22 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната 541. седница го усвои годишниот извештај за својата работа за 2025 година, во кој се нотира зголемена транспарентност, кадровски промени и постапување по претставки и дисциплински постапки.



Според извештајот, во 2025 година Судскиот совет одржал вкупно 24 седници и почнал со работа со нов електронски систем за тонско снимање, електронско гласање и директен пренос во живо, со што се унапредени јавноста и транспарентноста во неговото работење.

Во текот на годината избрани се 68 нови судии од осмата генерација на Академијата за судии и јавни обвинители, кои се распределени во основните судови. Истовремено, унапредени се 17 судии – 10 во Апелацискиот суд Скопје, четворица во Апелацискиот суд Битола и тројца во Врховниот суд. Избрани се и 10 нови претседатели на судови.

Во делот на одговорност, до Судскиот совет биле поднесени 90 барања за утврдување одговорност, кои опфатиле 161 судија. По 64 барања било утврдено дека се ненавремени или неосновани, за 15 постапки била донесена одлука за запирање, а за 11 постапки продолжило постапувањето.

Советот постапувал и по 425 претставки од граѓани и правни лица, од кои за 13 се утврдило дека се основани и по нив се постапува, а другите биле отфрлени како неосновани.

Во 2025 година донесена е одлука за разрешување двајца судии – еден судија од Основниот суд Кавадарци и еден од Апелацискиот суд Скопје, а на тројца судии им е изречена дисциплинска мерка намалување на платата.

Извештајот ги содржи и состојбите во судовите во согласност со нивните годишни извештаи, како и активностите поврзани со имплементацијата на препораките од оценската мисија на Европската Унија и новата програма и акцискиот план за спречување и следење на корупцијата, со што, како што беше истакнато, е исполнета обврската од реформската агенда на ЕУ за периодот 2024 – 2027. Овој сегмент ќе биде дополнет со активности реализирани во 2025 година, меѓу кои завршниот проект МАТРА, меморандумот со Управниот суд за дигитализација и британскиот проект за унапредување на дисциплинските постапки.

На седницата беше усвоено и барањето за делегирање судии во Основниот суд Берово. Судијката Дејана Дејановска од Основниот суд Штип е привремено упатена да ја извршува судиската функција во Берово и е определена за в.д. претседателка на судот.

Судскиот совет расправаше и за други тековни прашања, меѓу кои барање за престанок на надоместок на патни трошоци на судија делегиран од Скопје во Струга, како и расправа по претставки и формирање комисии за утврдување одговорност на судии и претседатели на судови.

Извештајот за вонредно оценување на судиите кандидати за претседател на Управниот суд беше повлечен од дневниот ред.



Поврзани содржини

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

22 април 2026

Page not found – Либертас

22 април 2026

ДКСК ќе поведе постапки пред надлежен орган за неколку случаи за кои има сомнеж за злоупотреби и корупција

22 април 2026
НАЈНОВО

Спасовски: Недозволиво е Законот за Влада да се носи спротивно на договорот меѓу партиите

22 април 2026

Иран нападна три брода во Ормускиот теснец. Од преговорите ни трага

22 април 2026

Радев победи, главниот обвинител Сарафов поднесе оставка

22 април 2026

Page not found – Либертас

22 април 2026

Судскиот совет го усвои годишниот извештај за 2025: избрани 68 нови судии, разрешени двајца

22 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.