Сведокот на обвинителството, Теа Ѓорѓиева, денеска пред судот евоцираше трауматични спомени од почетокот на кобниот пожар. Нејзиното сведоштво открива како забавата за секунда се претворила во борба за живот и како првичната несериозност кон пламенот довела до хаос и заглавување во толпата, пренесе 4њуз.

Одговарајќи на директните прашања на Обвинителството, Ѓорѓиева откри клучни детали за моментот кога избувнал огнот. Таа посочи дека пиротехниката не била поставена од самиот почеток, туку дополнително, додека тие веќе биле внатре.
„Јас снимав со телефонот, додека снимав, не го видов, после една минута забележав дека гори. Почетокот на пожарот е снимен на моето видео. Нормално, сите снимавме видеа во тие моменти… бендот почна да пее, видовме дека почна да гори, но никој не го сфати сериозно тоа“, сведочеше Ѓорѓиева, појаснувајќи дека огнот тргнал од горниот дел, од искрите на пиротехниката
…

