Американскиот милијардер Илон Маск донирал 1 милион долари (околу 1 милион евра) за зачувување на археолошкото и културното наследство на градот Рим, објави денес неговиот тим.
Според соопштението, донацијата е направена по повод 2779-тиот роденден на Рим и е наменета за поддршка на истражувањето, конзервацијата и реставрацијата на римското археолошко наследство, објавува „Рома денес“.
Средствата, се додава во соопштението, ќе бидат насочени кон работата на археолози, реставратори, универзитетски тимови и културни институции, како и кон проекти за дигитална документација, вклучувајќи 3Д скенирање и мапирање на историски места.
Тимот на Маск наведува дека вкупната помош за проекти поврзани со антички Рим во последните две години изнесува околу 4 милиони долари.
Тој претходно донирал средства за проекти во Рим, вклучувајќи програми за заштита и проучување на археолошкото наследство.
Минатиот октомври, Маск донираше еден милион евра во Рим за финансирање на програмата „Expandere Coscientiae Lumen“, исто така насочена кон поддршка на археолошките локалитети во главниот град.

Маск го финансира и Американскиот институт за римска култура во Рим, со чиј грант во висина од 100.000 американски долари, лани,продолжија конзерваторските работи на Теодосијанската палата во Стоби, најпознатиот римски археолошки локалитет во Македонија. Тоа, минатата недела го потенцираше директорот на Американскиот институт д-р Дариус А. Арја , при посетата на Стоби заедно со претставници на странски фондации кои во изминатите неколку години донираа финансиски средства. Домаќин им беше министерот за култура, Зоран Љутков.

