Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Трендафилов објави колку работници земаат просечна плата во Македонија

23 април 2026

Зетот на Виктор Орбан заработил пари обложувајќи се на негов пораз на изборите

23 април 2026

Унгарски МОЛ најави дека долгорочно ќе ја задржи рафинеријата во Панчево доколку стане мнозински сопственик на НИС

23 април 2026

Mицковски- Вицепремиерот Фетаи ми рече дека веќе не се гледа во овој владин состав кој го предводам

23 април 2026

Илон Маск донира 1 милион долари за Рим за зачувување на културното наследство

23 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 23
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Исмаил: ВМРО-вците решија по скратена постапка да го отворат патот кон немилосрдна експлоатација на Македонија

Press OnlineBy Press Online23 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Пратеникот и потпретседател на Левица, Реџеп Исмаил со реакција на социјалните мрежи за предложените измени на законите за минерални суровини и концесии, оценувајќи дека со нив се создаваат услови за неконтролирана експлоатација на природните ресурси од страна на странски компании, на штета на животната средина, економијата и граѓаните.



„ВМРО-вците решија по скратена постапка да го овторат патот кон немилосрдна експлоатација нашата земја, Македонија!

Преку предлози за измени на Законот за минерални суровини и Законот за концесии и јавно приватно партнерство сакаат да го отворат патот за странските емисари да можат веднаш да експлоатираат по земјава без да имаат никаква грижа за животната средина, здравјето, уште помалку економската логика и развојот на долг рок.

Практично, легално ќе бидат финансиски задоволени поединци, се разбира, нивни партиски луѓе, кои административно и бирократски (концесии и дозволи) ќе го спремаат теренот а странците ќе дојдат за тоа ќе им платат и ќе си ја цицаат земјата. Дополнително претходно веќе им овозможија носење на работна сила од сранство, за да не ја плаќат нашата колку што треба, и така полека ќе го сменат ликот и обликот на регионот – земјата ќе стане отровна а со време и туѓа.

За тоа Македонија колку има корист од овој „модел“ на рударство доволно говори фактот што државата годишно од концесии добива НЕ ПОВЕЌЕ ОД 10-15 милиони евра, а фримите, кои во најголем дел се странски, профитираат во суми над 200 милони евра!

Сето ова не е поврзано само и единсвено со актуелниот рудникот во Крива Паланка, напротив, ова е за да се отвори пат и за рестартирање на паузираните процеси со рудниците на смрта во Штука, Иловица и слично, а секако и со ископите во атарот на Општина Прилеп каде ровари Бехтел и Енка – проект кој верувам се сеќавате дека ВМРО како опозиција „ќе го стопираше“. Како доказ за ова, во прилог слика од прес конференцијата на актуелен пратеник на ВМРО од Прилеп, кој денес не отвора уста за овој несреќен и катастрофален „стратешки проект“ на Бехтел и Енка, и кој лабаво си дига рака за планираните олеснувања за отворање на рудниците споменати погоре. Истото е случај и со пратеничката од ВМРО од Гевгелија, која локалните организациите за заштита на околината со право ја повикуваат на одговорност заради изнесените лаги пред избори во опозиција.

Рударењето не е само техничка дејност, туку систем во кој богатството се создава долу под земја, а нееднаквоста се создава над неа. За ова, најголем пример е Зимбабве. Тоа е земја која буквално седи врз природно богатство но во текот на децениите, голем дел од ресурсите беа експлоатирани преку странски компании, и резултатот е само дополнително осиромашување на обичниот народ. Класичен пример на таканаречено „ресурсно проклетство“ – доказ дека ресурсите сами по себе не ја прават државата богата, начинот на кој се управуваат ресурсите ја прави државата богата или сиромашна.

Пратеничката група на Левица со цел да ја одложи оваа катастрофална одлука на владејачкото мнозинство на двата споменати предлога поднесе по 500 амандмани. Но за жал деловникот е така направен да тоа ефективно може да се држи само два дена, односно, денеска и утре. Па се надевам дека свесните и совесни граѓани како и локалните организации ќе успеат да направат притисок до власта да се откаже од оваа луда и крајно опасна намера.

Другари, ве повикуваме на поддршка. Потребна ни е вашата поддршка со цел заеднички да ја спречиме оваа катастрофа од продавање на ресурсите без план, за џабе, за туѓи интереси, продавање на странци, а нам дома ќе ни остане само исцедена земја и загадени реки и долини“, порача Исмаил во својата објава.



Поврзани содржини

Трендафилов објави колку работници земаат просечна плата во Македонија

23 април 2026

Mицковски- Вицепремиерот Фетаи ми рече дека веќе не се гледа во овој владин состав кој го предводам

23 април 2026

Полицајци претресуваат средношколци пред скопските училишта

23 април 2026
НАЈНОВО

Трендафилов објави колку работници земаат просечна плата во Македонија

23 април 2026

Зетот на Виктор Орбан заработил пари обложувајќи се на негов пораз на изборите

23 април 2026

Унгарски МОЛ најави дека долгорочно ќе ја задржи рафинеријата во Панчево доколку стане мнозински сопственик на НИС

23 април 2026

Mицковски- Вицепремиерот Фетаи ми рече дека веќе не се гледа во овој владин состав кој го предводам

23 април 2026

Илон Маск донира 1 милион долари за Рим за зачувување на културното наследство

23 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.