Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

МВР: Се спроведува полициска акција, лишени од слобода повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

24 април 2026

Алармантен извештај за Европа: Жештините може да ја донесат маларијата на стариот континент

24 април 2026

Трендафилов до Владата: Поенергични мерки веднаш, утре можеби ќе биде доцна

24 април 2026

Рускоска за „27 април“: Светот ги виде доказите, политичарите треба да дадат оставка ако не ги исполнуваат ветувањата

24 април 2026

Принцот Хари во ненајавена посета на Украина за да го „потсети светот“ на војната

24 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 24
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Уапсени двајца вработени во скопскиот Кривичен суд, осомничени за корупција и барање поткуп

Press OnlineBy Press Online23 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email


Две лица ангажирани во скопскиот Кривичен суд се уапсени под сомнение за вмешаност во коруптивни активности и барање поткуп, дознава неофицијално порталот „Прес24“.



Според информациите, едното лице, вработено како судски полицаец, побарало 1.000 евра од странка во судски спор, со ветување дека ќе посредува и ќе „поткупи“ судија во Апелациониот суд во Скопје, со цел предметот да биде решен во корист на странката. Откако предметот завршил неповолно за оштетениот, случајот бил упатен до Врховниот суд.

Во таа фаза, осомничениот повторно стапил во контакт со странката и побарал дополнителни 500 евра, тврдејќи дека ќе влијае врз одлуката на судиите во Врховниот суд. Наместо да ги исплати средствата, оштетениот го пријавил случајот во полиција.

По претходно договорена средба, судскиот полицаец бил фатен со обележани пари, по што веднаш бил лишен од слобода. Од страна на надлежен суд, нему му е изречена мерка притвор. Во текот на истрагата, од мобилниот телефон на осомничениот биле обезбедени податоци за комуникација со повеќе лица. Анализата покажала дека тој, во овој и во други слични случаи, наводно соработувал со второ лице – вработено во судот како судски доставувач.

И за второосомничениот е определена мерка куќен притвор. Истражните органи продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот и утврдување на евентуална вмешаност и на други лица. Оваа информација засега не е официјално потврдена од надлежните институции.



Поврзани содржини

МВР: Се спроведува полициска акција, лишени од слобода повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

24 април 2026

Трендафилов до Владата: Поенергични мерки веднаш, утре можеби ќе биде доцна

24 април 2026

Рускоска за „27 април“: Светот ги виде доказите, политичарите треба да дадат оставка ако не ги исполнуваат ветувањата

24 април 2026
НАЈНОВО

МВР: Се спроведува полициска акција, лишени од слобода повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

24 април 2026

Алармантен извештај за Европа: Жештините може да ја донесат маларијата на стариот континент

24 април 2026

Трендафилов до Владата: Поенергични мерки веднаш, утре можеби ќе биде доцна

24 април 2026

Рускоска за „27 април“: Светот ги виде доказите, политичарите треба да дадат оставка ако не ги исполнуваат ветувањата

24 април 2026

Принцот Хари во ненајавена посета на Украина за да го „потсети светот“ на војната

24 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.