
Поранешната обвинителка Вилма Рускоска, во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, децидно порача дека не постојат нови докази кои би можеле да ја соборат пресудата за упадот во Собранието од 27 април, а истовремено упати остри критики до политичарите за нивната недоследност.
На прашањето за најавите за повторување на постапката, Рускоска истакна дека е убедена во стабилноста на пресудата, бидејќи таа не почива само на зборови, туку на непобитни материјални факти кои биле јавно презентирани
Доказите ги видовме сите, не само ние во судницата, туку целиот свет. Најодговорно тврдам дека ниту еден исказ на сведок не е сокриен. Пресудата не се темели на вербални искази, туку на материјални докази. Кој е тој нов доказ што може да го оповргне она што сите го видовме на снимките?“, прашува Рускоска.
Рускоска се осврна и на ветувањата на актуелната власт и претседателката Сиљановска-Давкова за амнестија на осудените за 27 април, објави 4news.mk Таа нагласи дека нема ништо против таквиот чекор, потсетувајќи дека и претходната власт веќе амнестираше дел од обвинетите, но ја подвлече моралната одговорност на политичарите.
Они си ја напишаа програмата, јас не им ја пишував. Зошто не го реализираат тоа што го ветија? Тоа е прашање за нив.“, вели таа.
Според неа, во секоја демократска држава надвор од Балканот, политичарот кој нема да го реализира ветеното поднесува оставка, објави 4news.mk „Зошто ние го немаме тоа достоинство?“, прашува таа.
Во емотивен завршек на разговорот, Рускоска ја дијагностицираше состојбата во македонското општество како „крајно апатична“. Таа изрази разочарување што граѓаните не протестираат за своите права, додека младите веќе не гледаат иднина во државата.
„Младите, кои треба да го покренат процесот на промени, воопшто не се трудат бидејќи не ја гледаат својата иднина овде, објави 4news.mk Гледаат само да завршат факултет и да заминат. Тоа е најголемиот пораз за нашето општество“, заклучи Рускоска во „Ноќно студио“.

