Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Како самитите на лидерите на ЕУ станаа нефункционални

23 април 2026

Двајца Романски државјани измамиле скопјанка за сума од околу 300.000 денари

23 април 2026

Бугарија досега и ставила пет вета на Србија

23 април 2026

Филипче:Здравјето на граѓаните на Крива Паланка мора да биде приоритет, а не бизнисите на донаторите на ВМРО

23 април 2026

Русија доби покана за учество на Самитот на Г20 во САД

23 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 23
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Љутков: Скопје 2028 не е само титула, туку процес – Кале, Аквадукт и Универзална сала ќе добијат нов лик

Press OnlineBy Press Online23 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На конференцијата посветена на еден од најзначајните стратегиски проекти за нашата земја, министерот Љутков, во присуство на евроамбасадорот, градоначалници и делегации од градовите партнери, претставници на меѓународни институции, академската заедница, како и многубројни домашни и странски гости, нагласи дека Скопје има историска шанса да се афирмира како современ европски културен центар.



Љутков потенцираше дека проектот ја има целосната и недвосмислена поддршка од Владата, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која обезбедува институционална, финансиска и политичка стабилност за неговата реализација.

„Поддршката е силна и јасна — таа значи континуитет, координација и сигурност дека оваа визија ќе се реализира“, истакна тој.

Говорејќи за значењето на титулата Европска престолнина на културата 2028, министерот посочи:

„Не зборуваме само за титула. Зборуваме за процес што го менува градот — за нова енергија, за нови културни простори и за можност Скопје да стане вистинска точка на поврзување во Европа.“

Тој додаде дека оваа иницијатива не е насочена само кон 2028 година, туку кон долгорочна трансформација:

„Ова што го градиме денес ќе се чувствува и по 2028 година — како нов културен импулс, како нов начин на живеење на градот.“

Во таа смисла, беа истакнати и конкретни проекти за унапредување на културната инфраструктура, меѓу кои ревитализацијата на Скопското кале, заштитата на Скопскиот аквадукт,  обновата на Универзална сала, оживувањето на локалитетот Скупи, како и создавање нови културни простори, што ќе им припаѓаат на граѓаните.

„Европа не е само политика — Европа е култура, идентитет и заедничко чувство на припадност. Скопје 2028 е нашата можност тоа јасно да го покажеме“, порача министерот Љутков.

Конференцијата продолжува со панел-дискусии посветени на културата, урбаните политики и развојот на одржливи европски градови, со фокус на зајакнување на соработката и размена на идеи.

Поврзани содржини

Двајца Романски државјани измамиле скопјанка за сума од околу 300.000 денари

23 април 2026

Филипче:Здравјето на граѓаните на Крива Паланка мора да биде приоритет, а не бизнисите на донаторите на ВМРО

23 април 2026

Инспекцијата го потврди она што Филозофски веќе го утврди, вели професорот Дескоски

23 април 2026
НАЈНОВО

Како самитите на лидерите на ЕУ станаа нефункционални

23 април 2026

Двајца Романски државјани измамиле скопјанка за сума од околу 300.000 денари

23 април 2026

Бугарија досега и ставила пет вета на Србија

23 април 2026

Филипче:Здравјето на граѓаните на Крива Паланка мора да биде приоритет, а не бизнисите на донаторите на ВМРО

23 април 2026

Русија доби покана за учество на Самитот на Г20 во САД

23 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.