Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Зоран Ристовски е нов директор на МРТ

23 април 2026

Како самитите на лидерите на ЕУ станаа нефункционални

23 април 2026

Двајца Романски државјани измамиле скопјанка за сума од околу 300.000 денари

23 април 2026

Бугарија досега и ставила пет вета на Србија

23 април 2026

Филипче:Здравјето на граѓаните на Крива Паланка мора да биде приоритет, а не бизнисите на донаторите на ВМРО

23 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 23
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Филипче:Здравјето на граѓаните на Крива Паланка мора да биде приоритет, а не бизнисите на донаторите на ВМРО

Press OnlineBy Press Online23 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нема да дозволиме здравјето на граѓаните во Крива Паланка, да биде загрозено поради бизнис интересите на оваа власт, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието. Филипче посочи дека СДСМ секогаш ќе биде на страната на интересот на граѓаните, и тие имаат право да ја знаат вистината за рудникот во Кривопаланечкиот регион дека еден од потписниците на тие договори што ќе го користат рудникот е донатор во ВМРО ДПМНЕ.



„Каква врска има во какви односи сум јас лично и какви се тие двојни стандарди и двојни односи, едни за пред камери, а едни зад камерите. Е, тоа треба да објасни градоначалникот. Ние стоиме на страната на интересот на граѓаните. Има обврска градоначалникот кога станува збор за таков проект за кој што гледаме дека зад него стојат бизнис интереси на ВМРО-ДПМНЕ, еден од потписниците на тие договори што ќе го користат рудникот е донаторот во ВМРО ДПМНЕ, и тоа не е ништо чудно. Сè досега е поврзано со бизнис интересите на премиерот и на оваа владејачка гарнитура. Тоа се знае. Секојдневно излегуваат информации”, рече Филипче.

Воедно, Филипче порача дека СДСМ нема да дозволи здравјето на граѓаните да биде ставено во втор план и побара вклучување на јавноста во носењето на вакви одлуки.

„Нема да дозволиме здравјето на граѓаните да биде загрозено поради бизнис интересите на оваа власт. И тоа луѓето мора да го знаат. Што треба да дозволиме таков рудник во Кривопаланечко, без да се прашат граѓаните? Иима обврска градоначалникот без разлика од која партија дали од СДСМ, дали од ВМРО ДПМНЕ, без разлика, мора да ги праша граѓаните што мислат за еден таков проект. Не е бизнис интересот и финансискиот интерес пред здравјето на граѓаните, а посебно не е бизнис интересот на оваа корумпирана и криминална власт”, рече Филипче.



Поврзани содржини

Зоран Ристовски е нов директор на МРТ

23 април 2026

Двајца Романски државјани измамиле скопјанка за сума од околу 300.000 денари

23 април 2026

Љутков: Скопје 2028 не е само титула, туку процес – Кале, Аквадукт и Универзална сала ќе добијат нов лик

23 април 2026
НАЈНОВО

Зоран Ристовски е нов директор на МРТ

23 април 2026

Како самитите на лидерите на ЕУ станаа нефункционални

23 април 2026

Двајца Романски државјани измамиле скопјанка за сума од околу 300.000 денари

23 април 2026

Бугарија досега и ставила пет вета на Србија

23 април 2026

Филипче:Здравјето на граѓаните на Крива Паланка мора да биде приоритет, а не бизнисите на донаторите на ВМРО

23 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.