Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

4.000 евра месечно ќе прима владиниот преставник како председател на одборот на директори во Телеком

24 април 2026

Трамп го спори правото на Велика Британија над Фокландските острови поради „непослушноста“ на Лондон

24 април 2026

Одложено судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката Пулс

24 април 2026

Судски полицаец и доставувач земале поткуп за да „средат“ предмет пред Апелација и пред Врховен

24 април 2026

Рама: ЕУ прави грешка што не се ангажира со Русија за завршување на војната во Украина

24 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 24
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Судски полицаец и доставувач земале поткуп за да „средат“ предмет пред Апелација и пред Врховен

Press OnlineBy Press Online24 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На двајца судски службеници им е определен притвор под сомнение за сторено кривично дело примање награда за противзаконито влијание и помагање во извршувањето на делото, информираа денеска од Основниот кривичен суд.



По предлог на надлежното обвинителство, судот на 9 април донел одлука на лицето Г.А.А. – судски полицаец да му определи мерка притвор во траење од 30 дена. Судот оценил дека постои реална опасност од бегство, како и можност тој да влијае врз сведоци и докази во текот на постапката. Од Кривичен информираат дека ова решение е веќе правосилно бидејќи на него не била поднесена жалба.

За лицето Ф.Џ. – судски доставувач на 22 април му бил одреден куќен притвор во траење од 30 дена иако обвинителството барало ефективен затворски притвор. Мерката куќен притвор е определена поради основано сомневање за помагање во извршување на кривичното дело.

Ќ„При донесувањето на оваа мерка, судот утврди дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, како и можност за влијание врз сведоци и докази. Против ова решение, јавниот обвинител има поднесено жалба до кривичниот совет на овој суд“, велат од Кривичен.

Посредувањето, како што велат од судот, требало да биде пред скопскиот Апелациски суд и пред Врховниот суд, а во врска со предмет за којшто скопски Кривичен донел пресуда во која е изречена казна затвор во траење од една година за кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или рапсрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Од Судот потенцираат дека, иако осомничените се нивни вработени, одлучувањето било во рамките на овој суд.

„Бидејќи кривичното дело е од лепезата на дела кои се судат во Одделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја предвид судската пракса, судот не може да биде изземен“, додаваат оттаму



Поврзани содржини

4.000 евра месечно ќе прима владиниот преставник како председател на одборот на директори во Телеком

24 април 2026

Одложено судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката Пулс

24 април 2026

Обвинителството со нови детали: Се шири акцијата за нелегален увоз на ботокс и филери, вмешани се доктори, сомнежи за злосторничко здружување

24 април 2026
НАЈНОВО

4.000 евра месечно ќе прима владиниот преставник како председател на одборот на директори во Телеком

24 април 2026

Трамп го спори правото на Велика Британија над Фокландските острови поради „непослушноста“ на Лондон

24 април 2026

Одложено судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката Пулс

24 април 2026

Судски полицаец и доставувач земале поткуп за да „средат“ предмет пред Апелација и пред Врховен

24 април 2026

Рама: ЕУ прави грешка што не се ангажира со Русија за завршување на војната во Украина

24 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.