Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Италија и Германија во одбрана на Шпанија по барањата за санкции од НАТО

24 април 2026

ДУИ: Нашиот проект за Коридорот 8 се потврдува и не може да се запира

24 април 2026

Двајца Срби осудени на доживотен затвор за Бањска, за третиот 30 години затвор

24 април 2026

Црна Гора e традиционално важен стратешки пазар за „Алкалоид“

24 април 2026

Бенјамин Нетанјаху бил опериран од рак на простата во рана фаза

24 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 24
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Левица: Ја даваме рудата го губиме ќарот

Press OnlineBy Press Online24 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Левица смета дека ситуацијата што ја имаме со концесиите за мермер е јасен пример за „системски поставен модел кој работи на штета на државата и граѓаните“. Како потврда го дава фактот дека за четири години се наплатени само 1,7 милиони евра од 29 концесионери.



„Станува збор за сума која е симболична во однос на реалните приходи што се генерираат од експлоатацијата и покажува дека државата практично го отстапува своето природно богатство за минимална до никаква корист. Дополнително, констатираните неправилности како доцнење со плаќања, слаба контрола и проширување на концесии без соодветен надзор и инспекции укажуваат на сериозни институционални слабости.

 

– Advertisements –

 

Клучниот проблем лежи и во самиот законски модел. Законот за рударство, кој ја дефинира тарифата за концесии, е поставен на начин што директно ѝ штети на државата. Надоместоците што ги плаќаат концесионерите се прениски и не ја рефлектираат вистинската вредност на ресурсите што се експлоатираат. Со тоа, не само што буџетот губи огромни приходи, туку се создава и дополнителен проблем: средствата што се издвојуваат за рекултивација и реставрација на земјиштето по ископувањето се минимални речиси и непостоечки. Тоа значи дека долгорочната штета врз животната средина останува, додека профитот завршува во приватни раце.

 

Овој модел создава класична ситуација во која профитот се приватизира, а трошоците, еколошки, економски и социјални, се префрлаат на грбот на државата и граѓаните. Наместо ваков пристап, неопходно е суштинска промена на политиките: ревизија на законската рамка, значително зголемување на концесиските надоместоци и воведување на строги обврски за рекултивација кои ќе се реално финансирани и контролирани.

 

Но уште поважно, државата мора да го смени правецот на делување. Наместо да се потпира на концесии, треба активно да инвестира во формирање на јавни претпријатија кои ќе управуваат со природните ресурси. На тој начин, целата додадена вредност би останувала во државата, би се зголемила транспарентноста и би се воспоставила вистинска демократска и институционална контрола. Ова не е само економско прашање, туку прашање на суверенитет и одговорност кон идните генерации.

 

Паралелно со тоа, на Македонија ѝ е потребна масовна индустријализација и развој на домашни производствени капацитети. Покрај извозот на суровини, државата треба да гради индустрии кои ќе ги преработуваат ресурсите и ќе создаваат повисоки приходи и квалитетни работни места. Клучно е да се стави акцент на укрупнување и зајакнување на државните капацитети, наместо на фрагментација и богатење на поединци.

Само со силен јавен сектор, правична законска рамка и стратешко управување со ресурсите може да се обезбеди одржлив економски развој, вистинска корист за граѓаните и долгорочна заштита на националното богатство, сметаат во Левица



Поврзани содржини

ДУИ: Нашиот проект за Коридорот 8 се потврдува и не може да се запира

24 април 2026

Црна Гора e традиционално важен стратешки пазар за „Алкалоид“

24 април 2026

Од шверц до естетски интервенции: Под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните

24 април 2026
НАЈНОВО

Италија и Германија во одбрана на Шпанија по барањата за санкции од НАТО

24 април 2026

ДУИ: Нашиот проект за Коридорот 8 се потврдува и не може да се запира

24 април 2026

Двајца Срби осудени на доживотен затвор за Бањска, за третиот 30 години затвор

24 април 2026

Црна Гора e традиционално важен стратешки пазар за „Алкалоид“

24 април 2026

Бенјамин Нетанјаху бил опериран од рак на простата во рана фаза

24 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.