Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот

24 април 2026

Извештај: 266 милиони луѓе во светот лани биле погодени од глад

24 април 2026

За половина од уапсените во акцијата ,,Ботокс” се бара притвор, се спроведуваат во Кривичниот суд

24 април 2026

СДСМ: Бараме истрага за несреќата во Кисела Вода, каква е улогата на Орце Ѓорѓиевски

24 април 2026

Италија и Германија во одбрана на Шпанија по барањата за санкции од НАТО

24 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, април 24
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Италија и Германија во одбрана на Шпанија по барањата за санкции од НАТО

Press OnlineBy Press Online24 април 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Италија и Германија денеска застанаа зад Шпанија по медиумските извештаи за можни американски закани за суспензија на Мадрид од НАТО поради несогласувањата околу војната против Иран.

– Мислам дека НАТО мора да остане обединет. Тоа е нашата сила –  изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони во Никозија, каде што учествува на самит на ЕУ, одговарајќи на новинарско прашање за овие информации.

Медиумите пренесоа извештај на Ројтерс, кој се повикува на интерен електронски документ на Пентагон, во кој суспензијата на Шпанија од Алијансата се наведува како една од опциите што се разгледуваат.

Поддршка за Шпанија изрази и Германија.

Портпарол на германската влада изјави дека членството на Шпанија во НАТО не е доведено во прашање.

– Шпанија е членка на НАТО и не гледам причина тоа да се промени – рече портпаролот на редовната прес-конференција во Берлин.

Владата на шпанскиот премиер Педро Санчез се противи на војната што САД и Израел ја водат против Иран од крајот на февруари.

Таквиот став не е по волја на американскиот претседател Доналд Трамп, кој му забележува на Мадрид што одби да дозволи користење на американските воени бази во Андалузија за воздушни напади врз Иран, дури и заканувајќи се со „прекин на секоја трговија“ меѓу двете земји.

Според Ројтерс, како што пренесува Хина, САД размислуваат за суспензија на учеството на Шпанија на одговорни позиции во рамките на Алијансата. Сепак, ниту еден член од основачкиот договор на НАТО од 1949 година не предвидува суспензија или исклучување на членка од Северноатлантската алијанса.

Американскиот претседател, исто така, ѝ замерува на Шпанија што одбива да ги зголеми трошоците за безбедност на пет проценти од БДП до 2035 година, од кои 3,5 проценти би биле наменети исклучиво за воени расходи, како што беше договорено на минатогодишниот самит во Хаг.

Мадрид смета дека може да ги исполни целите за воени капацитети поставени од НАТО со ограничување на воените трошоци на два проценти од БДП. 

Поврзани содржини

Извештај: 266 милиони луѓе во светот лани биле погодени од глад

24 април 2026

Бенјамин Нетанјаху бил опериран од рак на простата во рана фаза

24 април 2026

Мадрид не верува дека САД размислуваат да го замрзнат членството на Шпанија во НАТО

24 април 2026
НАЈНОВО

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот

24 април 2026

Извештај: 266 милиони луѓе во светот лани биле погодени од глад

24 април 2026

За половина од уапсените во акцијата ,,Ботокс” се бара притвор, се спроведуваат во Кривичниот суд

24 април 2026

СДСМ: Бараме истрага за несреќата во Кисела Вода, каква е улогата на Орце Ѓорѓиевски

24 април 2026

Италија и Германија во одбрана на Шпанија по барањата за санкции од НАТО

24 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.