Норвешката влада најави дека ќе предложи закон со кој ќе се забрани користење на социјалните мрежи за деца помлади од 16 години, а технолошките компании ќе имаат обврска да ја проверуваат возраста на корисниците.
Премиерот Јонас Гар Стјоре изјави дека целта на оваа мерка е да се обезбеди детство во кое децата ќе растат без прекумерно влијание од дигиталните платформи и алгоритмите.
Тој нагласи дека станува збор за значаен чекор кон заштита на дигиталниот живот на младите и нивниот развој.
Според најавите, владата планира предлог-законот да го достави до парламентот до крајот на годината, по што ќе следи расправа за негово усвојување.

