Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Први меѓународни летови од Техеран од почетокот на војната

25 април 2026

Деца со тротинети гаѓаат луѓе со балони, со камења во зоолошка, со ножеви се закануваат – „Ова мора да има граница“, алармира Стаменов

25 април 2026

Уапсен 29-годишник од Гостиварско за силување малолетничка и објавување експлицитни снимки

25 април 2026

Дурмиши бара извинување од Тирана за навредите кон Албанците во Македонија

25 април 2026

Загинатиот на градилиштето во Кисела Вода е 34-годишник од Крива Паланка

25 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, април 25
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Дурмиши бара извинување од Тирана за навредите кон Албанците во Македонија

Press OnlineBy Press Online25 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Министерот за економија и труд од редовите на ВЛЕН, Бесар Дурмиши жестоко реагираше на наводната изјава на шефот на албанската дипломатија, Ферид Хоџа во која тој во групна комуникација на апликацијата „Вацап“ ги навредува Албанците од Македонија нарекувајќи ги „идиоти“.

На социјалните мрежи, Дурмиши синоќа напиша оти официјална Тирана итно треба да ја објасни скандалозната и разочарувачка реторика употребена кон Албанците кои живеат во Маедонија. За Дурмиши, потегот на Хоџа е крајно неприфатлив и спротивен на секаков етнички и професионален кодекс за еден државен претставник.

 

„Албанија има уставна обврска да се грижи за своите сонародници кои живеат надвор од границите на земјата. Албанците од Северна Македонија не се соседи на омилениот официјален проект на Тирана „Отворен Балкан“, туку интегрален дел од националниот корпус“, напиша Дурмиши.

Покрај критиките упатени на адреса на владата на Албанија, Дурмиши изрази и отворено разочарување и од однесувањето на албанскиот амбасадор во Скопје, Денион Мејдани, велејќи оти наместо да реагира на ваквиот навредлив речник и да ги заштити интересите на своите сонародници, тој одбрал да молчи.

Дополнително, го обвини дипломатскиот претставник дека во овој процес практично се претворил во портпарол на одредени политички партии во Македонија, наместо да ги застапува националните интереси.

Оваа реакција на министерот доаѓа откако вчера шефот на пратеничката група на опозициската Демократска парија, Газменд Барди го обвини албанскиот шеф на дипломатијата, Ферит Хоџа, дека во групна комуникација на апликацијата за пораки „Вацап“ употребил навредлив јазик кон Албанците во Македонија нарекувајќи ги „идиоти“.

Во меѓувреме, од министерството со кое раководи Хоџа ги демантираа ваквите наводи и обвинувања, а портпаролот Алтео Хиси ги нарече невистинити објави кои немаат никаква врска со реалноста.

Извор: 360stepeni.mk



Поврзани содржини

Деца со тротинети гаѓаат луѓе со балони, со камења во зоолошка, со ножеви се закануваат – „Ова мора да има граница“, алармира Стаменов

25 април 2026

Уапсен 29-годишник од Гостиварско за силување малолетничка и објавување експлицитни снимки

25 април 2026

Загинатиот на градилиштето во Кисела Вода е 34-годишник од Крива Паланка

25 април 2026
НАЈНОВО

Први меѓународни летови од Техеран од почетокот на војната

25 април 2026

Деца со тротинети гаѓаат луѓе со балони, со камења во зоолошка, со ножеви се закануваат – „Ова мора да има граница“, алармира Стаменов

25 април 2026

Уапсен 29-годишник од Гостиварско за силување малолетничка и објавување експлицитни снимки

25 април 2026

Дурмиши бара извинување од Тирана за навредите кон Албанците во Македонија

25 април 2026

Загинатиот на градилиштето во Кисела Вода е 34-годишник од Крива Паланка

25 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.