Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Четворицата работници кои беа повредени на градилиште во Кисела Вода се во добра состојба

25 април 2026

Кривична пријава за „Але-Дар“ од Кочани: Доградиле 400 квадрати без дозвола за угостителски објект

25 април 2026

Кривична за злоупотреба на службената положба и овластување против три лица од Дојран, меѓу нив и поранешниот градоначалник

25 април 2026

Словенечката претседателка нема никому да даде мандат за формирање влада

25 април 2026

Рејтингот на Путин паѓа седма недела по ред

25 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, април 25
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Кривична за злоупотреба на службената положба и овластување против три лица од Дојран, меѓу нив и поранешниот градоначалник

Press OnlineBy Press Online25 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против Т.З. (37) од Стар Дојран, Б.К.(54) од Нов Дојран и А.А.(41) од Стар Дојран, осомничени за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот закон.

Според пријавата, пред две години, на 29 април 2024, пријавените со неизвршување на своите службени должности во текот на управна постапка, постапиле спротивно на повеќе законски прописи, меѓу кои Законот за прогласување на Дојранското Езеро за споменик на природата, Законот за води и Законот за градење.

– Првопријавениот, во својство на овластен комунален инспектор во Општина Дојран, изготвил одобрение за градење за угостителски објект со хотелско сместување на инвеститор од Струмица, иако во основниот проект недостигала задолжителна водостопанска согласност. Второпријавениот, вработен како самостоен референт во областа на урбанизмот и градежништвото, го контролирал и одобрил издаденото одобрение, и покрај утврдените недостатоци. Третопријавениот, кој во тој период ја извршувал функцијата градоначалник на Општина Дојран, го потпишал и го издал одобрението за градење, соопшти МВР.

Извор: fokus.mk



Поврзани содржини

Четворицата работници кои беа повредени на градилиште во Кисела Вода се во добра состојба

25 април 2026

Кривична пријава за „Але-Дар“ од Кочани: Доградиле 400 квадрати без дозвола за угостителски објект

25 април 2026

Вреди: Коцкарската мапа на државата се црташе кај Артан Груби

25 април 2026
НАЈНОВО

Четворицата работници кои беа повредени на градилиште во Кисела Вода се во добра состојба

25 април 2026

Кривична пријава за „Але-Дар“ од Кочани: Доградиле 400 квадрати без дозвола за угостителски објект

25 април 2026

Кривична за злоупотреба на службената положба и овластување против три лица од Дојран, меѓу нив и поранешниот градоначалник

25 април 2026

Словенечката претседателка нема никому да даде мандат за формирање влада

25 април 2026

Рејтингот на Путин паѓа седма недела по ред

25 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.