Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

26 април 2026

Филипче на Х- Моето чувството не лаже.Почна откриивањето на Орбановите мафијашки мреже во Унгарија. На ред се тесните врски и криминали со ВМРО

26 април 2026

Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел, вели Гаши

25 април 2026

Левица: Породилниот надоместок повторно доцни – мајките оставени без пари

25 април 2026

Мега јахта на руски милијардер помина низ Ормускиот теснец

25 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, април 26
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел, вели Гаши

Press OnlineBy Press Online25 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел. Тој вели дека има аргументи и „за“ и „против“, а оти тој е еден од поборниците дека треба да се отворат листите.

Смета дека и граѓаните, освен партијата што ќе ја направи листата, треба да имаат право да изберат свој омилен пратеник.

„Mислам дека така ќе се зголеми демократичноста и дигнитетот на пратеникот. Тогаш пратеникот кој бил десетти на листа или дваесетти, а станал пратеник, тоа не е по заслуга само на лидерот, туку тој доаѓа во Собранието со гласовите на народот и тогаш неговата одговорност не се врзува само за лидерот и партијата, туку и за граѓаните. Овој дел навистина е многу важен, треба да го разговараме, не дека не го разговараме. Треба да бидеме храбри“,

рече Гаши на денешната дводневна дебата „Гласот на граѓаните во Собранието: Национална дебата за улогата на Собранието во процесот на пристапување во ЕУ“, во организација на Институтот за европска политика (ЕПИ).

Тој додаде дека веќе има работна група која работи за изборниот модел.

„Повикувам да дојдеме до тој ден кога ќе ги отвориме листите. Достоинството на еден пратеник може да се одбрани од две страни. Прво, тоа е како јавноста реагира на личноста и колку тој возвраќа и работи за својот дигнитет. Значи, двострана улица е и мора да ги разјасниме двете компоненти. Јас мислам дека недоволно добро стоиме и во двата правци“, рече спикерот Гаши.

Гаши смета дека е потребно во земјава да има поголема политичка медиумска култура кај граѓаните, да можат да работат и да препознаваат што е добар и лош пратеник, што е добра и лоша вест, и, од друга страна, смета дека тоа ќе наоведе до ситуација пратениците да бидат поодговорни кон таа публика и кон гласачите.

Порача дека нема силно Собрание без силни пратеници и дека не треба да се генерализираат сите пратеници и постојано сите да се плукаат бидејќи, како што посочи, во Собранието има и одлични пратеници.

Според Гордан Георгиев, поранешен пратеник и претседател на Форумот за разумни политики, изборниот модел е ограничувачки за градење независни или релативно независни пратеници бидејќи, како што рече, кога сте ставени на некаква листа на пратеници, претпоставката е дека ќе ја следите големата насока на партијата, пратеничката група и на коалицијата.

„Изборниот систем ограничува бидејќи ве условува, ве става во позиција да морате или да се очекува од вас да ја слушате партијата наспроти некој друг систем, каде што можеби, полесно може да кажете ‘не’, во ситуација ако навистина треба да се каже не, или да влијаете. Но, овој изборен систем, каде што партијата ги реди кандидатите и вие сега може не го сакате седмиот, ама го сакате деветиот кандидат, мора да гласате за таа партија. Тука повеќе е важен личниот интегритет на пратениот отколку како партијата ве номинира. Ако премногу индивидуално се поставувате, имате ризик да не бидете избрани, т.е. да не бидете на листа на следните избори. Така што тој баланс е многу, многу важен“, истакна Георгиев.



Поврзани содржини

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

26 април 2026

Филипче на Х- Моето чувството не лаже.Почна откриивањето на Орбановите мафијашки мреже во Унгарија. На ред се тесните врски и криминали со ВМРО

26 април 2026

Левица: Породилниот надоместок повторно доцни – мајките оставени без пари

25 април 2026
НАЈНОВО

Жерновски: Лажните патриоти во Владата на Мицкоски се веќе во ЕУ, затоа што имаат бугарски пасоши

26 април 2026

Филипче на Х- Моето чувството не лаже.Почна откриивањето на Орбановите мафијашки мреже во Унгарија. На ред се тесните врски и криминали со ВМРО

26 април 2026

Сѐ повеќе се чувствува потребата за отворени листи во изборниот модел, вели Гаши

25 април 2026

Левица: Породилниот надоместок повторно доцни – мајките оставени без пари

25 април 2026

Мега јахта на руски милијардер помина низ Ормускиот теснец

25 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.