Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Дурмиши бара извинување од Тирана за навредите кон Албанците во Македонија

25 април 2026

Загинатиот на градилиштето во Кисела Вода е 34-годишник од Крива Паланка

25 април 2026

Скопјанец извршил обљуба на 13 годишно девојче, па ја фотографирал – изречен е притвор

25 април 2026

Масовен руски напад врз Украина. Еден град беше бомбардиран цела ноќ

25 април 2026

„Нема да дозволиме отворање, премиерот нека гарантира со живот дека рудникот нема да загадува“, порачаа од „Чејнџмејкерс“

25 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, април 25
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Јаневска најави нов скандал: „Следува уште покрупна неправилност што ќе ја шокира јавноста“

Press OnlineBy Press Online25 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
Screenshot

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави дека многу скоро јавноста ќе биде запознаена со уште една, како што рече, „многу покрупна неправилност“, која ќе ја изненади целата македонска јавност, по скандалот со незаконските уписи на Филозофскиот факултет при УКИМ.



Јаневска посочи дека неправилности има во одредени институции, но не во сите, и дека за нив ќе се постапува согласно закон, додека одговорноста – дали е кај администрацијата, раководството или евентуално и кај студенти – ќе ја утврдат надлежните органи.

Скандалот на Филозофскиот факултет се однесува на периодот од 2019 година, кога биле запишувани студенти на едногодишни магистерски и докторски студии, иако претходно завршиле тригодишни стручни, а не академски студии. Станува збор за седум лица на магистерски и четворица на докторски студии, чии уписи, по одлука на Државниот просветен инспекторат, се поништени и им е прекинато студирањето.

Досега никој од запишаните не докторирал, додека осуммина магистрирале, за кои сè уште нема одлука дали нивните дипломи ќе бидат признати.

Министерката информираше дека извештајот на ДПИ го добила доцна синоќа и дека во текот на викендот ќе биде анализиран, по што во понеделник ќе следуваат конкретни одлуки.

„Министерството и Инспекторатот немаат избор – мора да постапуваат по закон. Го разбирам револтот на студентите, но постојат други институции каде тие ќе ги бараат своите права“, изјави Јаневска.

Таа додаде дека при уписите требало да се провери дали студентите ги исполнуваат условите, нагласувајќи дека законот за втор и трет циклус студии бил прекршен.

Во меѓувреме, ректорката на УКИМ, Биљана Ангелова, изјави дека станува збор за состојба затекната од претходното раководство, од периодот 2019–2022 година, и дека Универзитетот ќе излезе со официјален став по завршување на целокупната постапка.

„Мора да се почека конечниот извештај и да се постапи согласно него. Потоа ќе информираме за исходот“, рече Ангелова.

Таа не ја исклучи можноста за решавање на дел од случаите преку нови акредитации или презапишување на студентите, но нагласи дека законската рамка мора строго да се почитува.

Во меѓувреме, УКИМ влегува и во изборен процес за нов ректор, каде Ангелова ќе се кандидира за втор мандат, а нејзин противкандидат е професорот Дарко Данев. Изборите се закажани за 28 април, објави Скопје1.мк.



Поврзани содржини

Дурмиши бара извинување од Тирана за навредите кон Албанците во Македонија

25 април 2026

Загинатиот на градилиштето во Кисела Вода е 34-годишник од Крива Паланка

25 април 2026

Скопјанец извршил обљуба на 13 годишно девојче, па ја фотографирал – изречен е притвор

25 април 2026
НАЈНОВО

Дурмиши бара извинување од Тирана за навредите кон Албанците во Македонија

25 април 2026

Загинатиот на градилиштето во Кисела Вода е 34-годишник од Крива Паланка

25 април 2026

Скопјанец извршил обљуба на 13 годишно девојче, па ја фотографирал – изречен е притвор

25 април 2026

Масовен руски напад врз Украина. Еден град беше бомбардиран цела ноќ

25 април 2026

„Нема да дозволиме отворање, премиерот нека гарантира со живот дека рудникот нема да загадува“, порачаа од „Чејнџмејкерс“

25 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.