Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Венс евакуиран пред Трамп, кој се сопнал и паднал

26 април 2026

Кузеска: Сè што Маѓар сега го разоткрива во Унгарија директно се пресликува и во Македонија

26 април 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите. Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме

26 април 2026

Кој е Кол Ален, компјутерџијата што наводно сакаше да го убие Трамп?

26 април 2026

МВР со детали за пожарот во Карпош: изгореа „ауди“ и „пежо“, оштетен и семафор

26 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, април 26
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Напаѓачот во Хилтон признал дека мета му биле функционерите

Press OnlineBy Press Online26 април 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Напаѓачот на синоќешната вечера на дописниците во хотел Хилтон во Вашингтон, кој е идентификуван како Кол Томас Ален од Калифорнија, призна дека мета му биле американските политичари. Тој утре ќе биде изведен пред суд под две обвиненија – употреба на огнено оружје и за напад врз сојузен агент со опасно оружје.

Истражителите соопштија дека Ален од предградие на Лос Анџелес е учител и програмер на видеоигри. Тој во хотелот бил пријавен како гостин. Ален бил вооружен со сачмарка, пиштол и имал неколку ножеви.

По инцидентот тој е под полициски надзор во болница, каде му се пружа лекарска помош. Агентот кој го запрел напаѓачот завршил во болница. Тој бил погоден во панцирот и е болница.

Откако Ален отворил оган, претседателот Доналд Трамп, првата дама Меланија се евакуирани, а 2.600 учесници на настанот почнаа да бегаат, а агентите на Тајната служба ги легна на под државниот секретар Марко Рубио и министрите за здравство Роберт Ф. Кенеди и министерот за внатрешни работи Даг Бургум.

Трамп по вооружениот инцидент изјави дека тоа нема да го одврати од војната во Иран, иако претпоставува дека пукањето не е поврзано со конфликтот.

– Тоа нема да ме спречи да победам во војната во Иран. Не знам дали пукањето имало некаква врска со тоа, но врз основа на она што го знаеме досега, навистина не мислам така, истакна Трамп по инцидентот на прес-конференција.

Сепак, Трамп претходно рече дека „никогаш не се знае“ дали нападот е поврзан со конфликтот во Иран. Тој нагласи дека истражителите сè уште ги утврдуваат мотивите на напаѓачот, кого го опиша како „осамен волк“.

Инцидентот го осудија премиерите на Канада и на Австралија, Марк Карни и Ентони Албанез и претседателката на Мексио, Клаудија Шајнбаум, оценувајќи го како чин на политичко насилство.

– Чувствувам олеснување  што претседателот, првата дама и сите гости се безбедни. Политичкото насилство нема место во ниедна демократија и моите мисли се со сите оние кои беа потресени од овој вознемирувачки настан, објави Карни на платформата Икс.

Албанезе ја пофали „брзата акција на Тајната служба и полицијата“.

– Добро е што претседателот Трамп и неговата сопруга се на сигурно … Насилството никогаш не смее да биде пат, изјави Шајнбаум. 

Поврзани содржини

Венс евакуиран пред Трамп, кој се сопнал и паднал

26 април 2026

Кој е Кол Ален, компјутерџијата што наводно сакаше да го убие Трамп?

26 април 2026

Што се случуваше во балската сала додека бегаше Трамп?

26 април 2026
НАЈНОВО

Венс евакуиран пред Трамп, кој се сопнал и паднал

26 април 2026

Кузеска: Сè што Маѓар сега го разоткрива во Унгарија директно се пресликува и во Македонија

26 април 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите. Македонија има уникатна положба и сакаме економски да ја искористиме

26 април 2026

Кој е Кол Ален, компјутерџијата што наводно сакаше да го убие Трамп?

26 април 2026

МВР со детали за пожарот во Карпош: изгореа „ауди“ и „пежо“, оштетен и семафор

26 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.