Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Потенцијал во третман на невродегенеративни заболувања, вклучително и Алцхајмер: Патент на годината 2025 за Фармацевтскиот факултет при УКИМ

27 април 2026

Арагчи: „Претераните барања“ на САД ги урнаа мировните преговори

27 април 2026

Герасимовски: Центар го одбележа роденденот на Горан Стефановски со многу емоции, почит и спомени

27 април 2026

Можат ли здружените ривали да го соборат Нетанјаху од власт?

27 април 2026

Нема да правиме уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на патот кон ЕУ, вели Муцунски

27 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Спасовски: Законот за двојно државјанство да важи веднаш и за министрите, власта се губи во евтин популизам

Press OnlineBy Press Online27 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email



Пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, во своето гостување во „Тема на денот“ на Сител Телевизија, упати остри критики кон владејачкото мнозинство во врска со предложените законски измени за двојните државјанства и најавеното укинување на техничката влада.

Спасовски истакна дека СДСМ начелно го поддржува законското решение за забрана за двојно државјанство на функционерите, но со два клучни услова: тоа да важи веднаш за актуелниот пратенички состав и да се прошири на извршната власт.

„Поднесовме нов закон по којшто, покрај пратениците и министрите од Владата ќе мора да докажат дека имаат само едно државјанство, или тој што има повеќе државјанства да не може да биде дел од извршната власт“, изјави Спасовски.

Тој ја обвини власта за неконзистентност и манипулација со јавноста, посочувајќи на конфузијата во Собранието околу надлежните комисии за овој закон, како и на менувањето на ставовите на премиерот Христијан Мицкоски.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесува ваков закон, премиерот истиот ден вика дека се избрзало и треба да се консултираат експерти. Претседателката вика дека тоа е потребно, па и премиерот потоа вели ‘да, така е’. Денеска едно, за два часа нешто поинаку. Тоа е евтин популизам заради лажен патриотизам“, нагласи Спасовски.

Во однос на Законот за Влада, Спасовски го повтори цврстиот став на СДСМ против укинувањето на техничката (Пржинска) влада. Тој потсети дека овој механизам бил усогласен меѓу четирите најголеми партии и гарантиран од ЕУ и САД за да се обезбеди фер изборен циклус.

Спасовски посочи и на еден парадокс – во 2018 година, токму на барање на Христијан Мицкоски, одредбите за преодна влада биле продолжени да важат сè до влезот на Македонија во ЕУ. „Сега, одеднаш, тој став не важи за ВМРО-ДПМНЕ и брзаат без никаква дебата да го укинат“, заклучи координаторот на пратеничката група на СДСМ.



Поврзани содржини

Потенцијал во третман на невродегенеративни заболувања, вклучително и Алцхајмер: Патент на годината 2025 за Фармацевтскиот факултет при УКИМ

27 април 2026

Герасимовски: Центар го одбележа роденденот на Горан Стефановски со многу емоции, почит и спомени

27 април 2026

Нема да правиме уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на патот кон ЕУ, вели Муцунски

27 април 2026
НАЈНОВО

Потенцијал во третман на невродегенеративни заболувања, вклучително и Алцхајмер: Патент на годината 2025 за Фармацевтскиот факултет при УКИМ

27 април 2026

Арагчи: „Претераните барања“ на САД ги урнаа мировните преговори

27 април 2026

Герасимовски: Центар го одбележа роденденот на Горан Стефановски со многу емоции, почит и спомени

27 април 2026

Можат ли здружените ривали да го соборат Нетанјаху од власт?

27 април 2026

Нема да правиме уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на патот кон ЕУ, вели Муцунски

27 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.