Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Потенцијал во третман на невродегенеративни заболувања, вклучително и Алцхајмер: Патент на годината 2025 за Фармацевтскиот факултет при УКИМ

27 април 2026

Арагчи: „Претераните барања“ на САД ги урнаа мировните преговори

27 април 2026

Герасимовски: Центар го одбележа роденденот на Горан Стефановски со многу емоции, почит и спомени

27 април 2026

Можат ли здружените ривали да го соборат Нетанјаху од власт?

27 април 2026

Нема да правиме уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на патот кон ЕУ, вели Муцунски

27 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
понеделник, април 27
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Нема да правиме уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на патот кон ЕУ, вели Муцунски

Press OnlineBy Press Online27 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Тој потсети на изјавата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој пред околу една година рече дека нашата држава треба да добие дополнителни гаранции, но и на министерот за надворешни работи на Белгија, кој пред неколку дена во Скопје изјави дека нам како на држава треба да ни се дадат дополнителни уверувања.

„Зошто? Затоа што ние треба да ја погледнеме праксата спрема нашата држава. Таа е пракса на 30 години отстапки, најголем дел од нив отстапки од национална природа со ветување за предвидливост и после неколку месеци, повторно да се доведеме во целосно иста ситуација“, рече Муцунски.

Министерот посочи дека истовремено отворено ќе зборува за пристапот на Владата на соседна Бугарија бидејќи не е само прашањето за уставните измени. Гледаме, додаде Муцунски, еден ретрограден пристап кон Акцискиот план за малцинства, документ којшто се подготвува и е во завршна фаза. На него покрај национални експерти работат и меѓународни експерти ангажирани од Советот на Европа.

„Да ја погледнеме праксата на соседна Бугарија во блокирањето на нашата иницијатива за членство во „Трите мориња“, иницијатива која што нема врска со ЕУ, но Бугарија повторно одлучува и во таа меѓународна иницијатива да користи право на вето. Треба да се гради доверба, треба да постапуваме во добра верба, но истовремено ние не можеме лековерно да се поставуваме бидејќи некој ни вели само тоа направете го и понатаму чист ќе ви биде патот“, рече Муцунски.

Нема дилема во кој геостратешки правец се движи државата, вели тој, но во делот на националниот интерес на прашањата поврзани со историја, јазик и идентитет треба да ставиме една конечна, не само точка, туку и извичник — тука државата не е подготвена да преговара.

Муцунски во одговорите на прашањата на пратениците од Европскиот фронт поврзани со ЕУ и уставните измени посочи дека прашањата поврзани со националните отстапки кон македонскиот народ се сериозно болни и тешки и оти немаме никаква гаранција дека тие тука застануваат. Според него, граѓаните во државата без разлика на етничката припадност треба да се обединат и да кажат дека ни е јасен европскиот приоритет, но „истовремено нема потреба да зборуваме за зголемување на апетити, за влошување на меѓуетнички односи“.

„Нашата позиција има два фундаменти. Прво, потребата од институционални гаранции насочени кон потврда дека во периодот кон пристапни преговори на нашата држава македонскиот идентитет, јазик, историја и култура, и посебноста коишто тие ги имаат нема да бидат дел од пристапните преговори и нема да претставуваат услов за напредок на нашиот пат кон полноправно членство. Вториот аспект, рече министерот Муцунски, е нашето очекување дека соседна Бугарија ќе ги почитува своите обврски согласно меѓународното јавно право согласно Европската конвенција за човекови права обврската потврдена на ЕСЧП, а е врзана со регистрација на организациите на Македонците кои живеат во Бугарија“, рече Муцунски.

Поврзани содржини

Потенцијал во третман на невродегенеративни заболувања, вклучително и Алцхајмер: Патент на годината 2025 за Фармацевтскиот факултет при УКИМ

27 април 2026

Герасимовски: Центар го одбележа роденденот на Горан Стефановски со многу емоции, почит и спомени

27 април 2026

Спасовски: Законот за двојно државјанство да важи веднаш и за министрите, власта се губи во евтин популизам

27 април 2026
НАЈНОВО

Потенцијал во третман на невродегенеративни заболувања, вклучително и Алцхајмер: Патент на годината 2025 за Фармацевтскиот факултет при УКИМ

27 април 2026

Арагчи: „Претераните барања“ на САД ги урнаа мировните преговори

27 април 2026

Герасимовски: Центар го одбележа роденденот на Горан Стефановски со многу емоции, почит и спомени

27 април 2026

Можат ли здружените ривали да го соборат Нетанјаху од власт?

27 април 2026

Нема да правиме уставни измени без јасни гаранции и предвидливост на патот кон ЕУ, вели Муцунски

27 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.