Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Војната на Блискиот Исток го разнишува туризмот во Западен Балкан

28 април 2026

„Договорите не се поништуваат“ и „Уметниците не се понижуваат“ – порака на СКРМ пред Уставен

28 април 2026

„Престанете да јадете луѓе“ – Шокантен извештај за канибализам во руската армија

28 април 2026

ЕСЕ: Низок опфат на жените со скрининг на рак на грлото на матката и со вакцинација, ПАП тестот да се замени со ХПВ тест во скрининг програмата

28 април 2026

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ СО ОДЛИЧЕН СТАРТ НА СЕЗОНАТА ВО ЕВРОПА

28 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
вторник, април 28
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Цените во Грција исти или пониски од кај нас

Press OnlineBy Press Online28 април 2026 Регион
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Цените на дел од овошјето и зеленчукот во Грција, во пик на глобална борба со инфлацијата, се исти или дури и пониски од оние во Македонија. Килограм домати се продаваат по 140 денари а килограм јаболка чини 110 денари, исто како и кај нас , пишува Порталб. Во пресрет на годинешната летна сезона , дел од цените од соседна Грција, која е една од најатрактивните дестинации и за нашите граѓани, цените во рестораните главно остануваат на исто, ланско ниво, но во продавниците се забележува поскапување.

Цени на храна, бензин, во ресторани ..

Цените на чоколадите, маслото за јадење, дел од кондиторски производи за готвење во грчките маркетите во туристичките места кои се географски блиску и најпосетувани од нашите граѓани, се речиси исти или дури и пониски од оние во државава. Официјалната статистика на Грција измери мартовски пораст на цените, највисок за околу 3% кај млечните производи и тестенините.

“Секој ден коригираме по некоја цена, трошоците за работа се зголемени, но не можеме одеднаш да ги зголемиме цените. Поскапувањата веќе се одразуваат во продажбата, луѓето селектираат што ќе купат и колку ќе купат “ – вели сопственик на маркет во едно од туристичките гратчиња кое веќе ги прими првите туристи од Македонија, Србија па дури од Германија.

Какви се цените на основните прехранбени производи во маркетите и во пекарите? Чоколада од 100 грама се продава по цена од 50 денари па нагоре, во зависност од брендот. Во споредба со нашите домашни цени, грчките се повисоки кај тестенините, едно пакување макарони чини околу 102 денари, но најниската цена за растителното масло за јадење може да биде и 128 денари за литар, што е скоро на исто ниво како и на нашиот пазар. Дел од кондиторските производи се со скоро исти па дури и пониски цени во споредба со нашите, па така 500 грама доматно пире чини 80 денари. Пред почетокот на оваа летна сезона во однос на ланската, според трговците со кои разговараме , нема значајни разлики во цените на овошјето и зеленчукот. Но, голема разлика нема и во однос на цените кај нас. Еден килограм домат, во зависност од сортата, се продава од 140 денари до 182 денари. Килограм кромид чини 50,4 денари, јаболките се продаваат по цена од 110 до 153 денари.

Споредбата со цените кај нас покажува дека во Грција, средствата за лична хигиена се речиси со исти па дури и за одредени производи, со пониски цени. Така на пример бренд купка за бањање од 750 милилитри се продава за 2,39 евра или за само 147 денари а поголемо пакување на хигиенски влошки чини 163 денари, што е цена пониска или иста со онаа на нашиот домашен пазар.

Во пекарите и во таверните има нагорна корекција на дел од производите, па така познатото гиро веќе чини 5 евра или повеќе, во зависност од туристичкото место. Во пекарите, цената на крофните се движи од 73 денари па нагоре додека цената на ѓевречето изнесува од 43 и 45 денари.

Засега рестораните ги задржаа цените на храната и на пијалаците, иако во дел од кафетериите покрај море, цената на грчкото фрапе достигна 5 евра и повеќе. Во таверните газиран сок чини 2,5 евра или 154 денари а 1 литар вода 3,5 евра или 215 денари.

Во рестораните, порција морска храна чини од 14 евра до 16 евра а цените на салатите, како што се грчка и цезар салата , се движат од 8,5 до 11,5 евра.

Изминатиот период најголем ценовен притисок беше регистриран кај горивата, па така литар дизел гориво во средината на овој месец се продаваше за 138,5 денари додека цената на бензините се движи од 2,06 евра до 2,17 евра или од 127,4 до 134,2 евра.

Во пресрет на летото, заминувањето во соседна Грција веќе е проблематично за нашите граѓани поради новиот ЕЕС систем за задолжително фотографирање и отпечаток од прст при влез и излез, од јуни на сила е обврска за носење на дополнителна опрема за прва помош а во најава се и повисоки казни за прекршоци во сообраќајот.

Поврзани содржини

Војната на Блискиот Исток го разнишува туризмот во Западен Балкан

28 април 2026

Нови закани со бомби, евакуирани неколку училишта во Загреб

28 април 2026

Неколку повредени лица во напад на вооружен маж во Службата за социјално осигурување и во Апелацискиот суд во Атина

28 април 2026
НАЈНОВО

Војната на Блискиот Исток го разнишува туризмот во Западен Балкан

28 април 2026

„Договорите не се поништуваат“ и „Уметниците не се понижуваат“ – порака на СКРМ пред Уставен

28 април 2026

„Престанете да јадете луѓе“ – Шокантен извештај за канибализам во руската армија

28 април 2026

ЕСЕ: Низок опфат на жените со скрининг на рак на грлото на матката и со вакцинација, ПАП тестот да се замени со ХПВ тест во скрининг програмата

28 април 2026

ИГОР СТЕФАНОВСКИ ИЏЕ СО ОДЛИЧЕН СТАРТ НА СЕЗОНАТА ВО ЕВРОПА

28 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.