Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ бараше техничката влада да постои до влегувањето на Македонија во ЕУ

29 април 2026

Чарлс до Трамп: Рековте дека ќе зборувавме германски без вас. Вие ќе зборувавте француски без нас

29 април 2026

Коњановски започнал со копање на улица без обезбедени документи и дозволи – Илиевска алармира за сериозни пропусти

29 април 2026

Грчкиот министер призна безбедносни пропусти по пукањето во Атина

29 април 2026

Кралот Чарлс го бранеше и фалеше НАТО во американскиот Конгрес

29 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, април 29
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Одземени четири лиценци на управители на згради при вонредна контрола на Регулаторната комисија за домување

Press OnlineBy Press Online29 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Регулаторната комисија за домување (РКД) информира дека одзедела лиценци на четири правни субјекти – управители на станбена згради, при вонредна периодична проверка за исполнувањето на условите врз основа на кои им е издадена лиценцата со барање на податоци.



Целта на вонредната периодична проверка, информираа денеска од РКД, беше добивање на податоци за постапување согласно член 42 од Законот за изменување и дополнување на Законот за домување (“Службен весник на Република Македонија” бр.160/2025), според кој управителите на станбени згради беа должни најдоцна во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон да го усогласат своето работење согласно со неговите одредби.

Со извршената проверка биле опфатени правни лица – управители на станбени згради со седиште во повеќе градови во државата, меѓу кои Скопје, Охрид, Прилеп, Тетово, Гостивар, Струмица, Штип, Битола, Кичево, Велес, Куманово, Кочани и Кавадарци

При проверката констатирано е дека 62 правни субјекти го имаат усогласено своето работење.

– Кај 4 управители, од кои 3 се со седиште во Скопје и една во Струмица, констатирани се неправилности, недоставени податоци или неисполнување на обврските утврдени со закон. Еден од управителите со одземени лиценци не извршувал дејности над кои ние како комисија имаме надлежност повеќе од 6 месеци наназад и со тоа свесно се откажале од управувањето. Две од правните лица-управители после одземањето на лиценците си ги завршиле комплетно своите обврски согласно Законот за домување, во поглед на враќање на средствата од резервен фонд и изготвување на завршни финансиски извештаи, изјави за МИА Никола Затуроски, претседател на Регулаторната комисија за домување.

Според последните податоци на РКД, во државава вкупно 8.053 станбени згради се управувани од страна на управител или на заедница на сопственици. Со лиценцирани управители се 5.600 објекти, со договори за вршење управувачки услуги со вкупно 135.338 посебни делови, односно станови и деловни простории. Податоците од Централниот регистар, пак, покажуваат дека до средината на декември минатата година има 2.453 активни регистрирани Заедници на сопственици.



Поврзани содржини

Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ бараше техничката влада да постои до влегувањето на Македонија во ЕУ

29 април 2026

Коњановски започнал со копање на улица без обезбедени документи и дозволи – Илиевска алармира за сериозни пропусти

29 април 2026

 14-годишник осомничен за силување на сестра му

29 април 2026
НАЈНОВО

Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ бараше техничката влада да постои до влегувањето на Македонија во ЕУ

29 април 2026

Чарлс до Трамп: Рековте дека ќе зборувавме германски без вас. Вие ќе зборувавте француски без нас

29 април 2026

Коњановски започнал со копање на улица без обезбедени документи и дозволи – Илиевска алармира за сериозни пропусти

29 април 2026

Грчкиот министер призна безбедносни пропусти по пукањето во Атина

29 април 2026

Кралот Чарлс го бранеше и фалеше НАТО во американскиот Конгрес

29 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.