Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Коњановски започнал со копање на улица без обезбедени документи и дозволи – Илиевска алармира за сериозни пропусти

29 април 2026

Грчкиот министер призна безбедносни пропусти по пукањето во Атина

29 април 2026

Кралот Чарлс го бранеше и фалеше НАТО во американскиот Конгрес

29 април 2026

 14-годишник осомничен за силување на сестра му

29 април 2026

Српски Завод за статистика: Во изминатите 10 години во државата имигрирале над 167 илјади луѓе, најмногу од Русија

29 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
среда, април 29
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

(ВИДЕО) Кузеска: Во тек е систематска, валкана операција на смислување лаги за која на ВМРО им помога приватната израелска компанија „Black Cube“, која ја нарекуваат и „приватен Мосад”

Press OnlineBy Press Online29 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО



Вчера Алфа телевизија, дел од мрежата на Орбановите медиуми, објави уште една таканаречена „ексклузивна“ афера против претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче. Ништо ново. Дел од систематска, валкана операција која ја води криминалната група ВМРО со помош на приватната израелска компанија „Black Cube“, која ја нарекуваат и „приватен Мосад“, посочи на прес-конференција Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.

 

Тоа е истата компанија која Орбан ја користи со години, а ја донесе и за Мицкоски во Македонија.

ВМРО-OKГ е во слободен пад. Поддршката им падна за над 150.000 гласа.

Наместо да одговарат за економската катастрофа, за застојот на европскиот пат и за криминалните тендери, тие прават сè за да го дискредитираат СДСМ и да го дефокусираат вниманието на граѓаните.

„Black Cube“ е приватна фирма составена од поранешни израелски разузнавачи, позната по тајни снимки, фабрикување афери и валкани политички операции, особено во Унгарија и Словенија.

Орбан ја ангажирал „Black Cube“ пред изборите 2018 и 2022 година, како и оваа година пред изборите кои ги изгуби.

Медиумите ширум Европа пишуваа за нивните активности, како нивните агенти со лажни идентитети и лажни компании мамеле активисти и новинари, тајно ги снимале, а снимките потоа се пуштале во провладини медиуми за да се дискредитира невладиниот сектор и политички неистомисленици. Еве дел од тие натписи.

Оваа година биле задолжени за Петер Маѓар, идниот премиер на Унгарија. Сакале да објават снимки од неговата спална соба и да направат лажна афера.

Нивните методи не познаваат граници, а моралот им е целосна непознатница.

Само пред неколку недели, пред парламентарните избори во март оваа година, „Black Cube“ повторно интервенирала, овој пат во Словенија, во интерес на Јанес Јанша.

Словенечката влада ова го квалификувала како директно странско мешање во изборите.

Мицкоски сега го копира истиот модел. Истата „Black Cube“ работи и Македонија.

Како што најавивме пред неколку недели, „Black Cube“ имале состанок со претставници ВМРО и со еден голем бизнисмен, близок до Христијан Мицкоски и финансиер на ВМРО, во луксузен хотел во Скопје.

Мицкоски и криминалната организација ВМРО сега ги користат за да го нападнат СДСМ и да го сокријат сопствениот неуспех.

Со исти методи: тајни снимки, следење, фабрикувани афери, Орбанови медиуми како дистрибутери.ВМРО-ОКГ не води држава – таа води валкана војна против сопствениот народ.

Ние нема да дозволиме „Black Cube“, Орбан и Мицкоски да ја одредуваат иднината на Македонија.

Бараме од Обвинителството да отвори истрага за ангажирањето на „Black Cube“ од страна на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Јавна објава сите странски операции на територија на државата. АНБ ова не смее да го дозволува.

Демократијата не се брани со шпионски фирми. Се брани со гласот на граѓаните.

Наскоро доаѓа времето на вистината, а потоа и на правдата и одговорноста за овие дела.

Граѓани на Македонија, видовте дека автократијата и диктаторите мораат да паднат. Нашето место е во Европа, а не да бидеме заложници на оваа криминална банда.

Унгарија покажа дека може, можеме и ние. Нема да престанеме во одбраната на слободата и демократијата.

Можете да фабрикувате афери и да правите лажни вести – дефокусот веќе не поминува.

Граѓаните сè гледаат и сега знаат сè!

ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

По месеци на жестока кампања во која СДСМ нè обвинуваше дека сме „предавници“ и дека „продаваме идентитет“ само затоа што баравме уставни измени за продолжување на ЕУ преговорите, сега ВМРО-ОКГ самата најавува дека ќе ги внесе Бугарите во Уставот.

Ова е врв на лицемерието и лагите на Мицкоски и ВМРО.

 

Од предизборното ветување дека ќе го поништи Преспанскиот договор и ќе го врати името, преку „ќе чекаме децении“, до сегашното „ќе ги внесеме“ сè е чиста измама кон сопствените граѓани.

Граѓаните јасно гледаат: ВМРО-ОКГ не ги штити македонските интереси. Тие ги штитат само своите бизнис интереси и својата власт.

Кога им треба, ги менуваат ставовите како чорапи.

Ние во СДСМ бевме и остануваме доследни: бараме исполнување на европските обврски за да продолжиме по ЕУ патот, без да се игра со идентитетот и без лицемерие.

ВМРО-ОКГ повторно ги излажа своите гласачи.

Доаѓа времето на вистината.



Поврзани содржини

Коњановски започнал со копање на улица без обезбедени документи и дозволи – Илиевска алармира за сериозни пропусти

29 април 2026

 14-годишник осомничен за силување на сестра му

29 април 2026

Трендафилов: 260.000 од 530.000 работници се со плата под 600 евра

29 април 2026
НАЈНОВО

Коњановски започнал со копање на улица без обезбедени документи и дозволи – Илиевска алармира за сериозни пропусти

29 април 2026

Грчкиот министер призна безбедносни пропусти по пукањето во Атина

29 април 2026

Кралот Чарлс го бранеше и фалеше НАТО во американскиот Конгрес

29 април 2026

 14-годишник осомничен за силување на сестра му

29 април 2026

Српски Завод за статистика: Во изминатите 10 години во државата имигрирале над 167 илјади луѓе, најмногу од Русија

29 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.