
Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи пред повеќе од еден месец си заминал и од владата и од вицепремиерскиот кабинет а јавноста за тоа дозна од министерот за здравство Азир Алиу кој за 360 откри дека Фетаи веќе еден месец не доаѓа на седници на влада,не оди и на работа а тој не го видел за да знае која е причината.
Владата одлучи оваа информација да ја крие ури и кога Алиу обелодени дека Фетаи го нема во влада.
Мистеријата со Фетаи се ообиде да ја расчисти премиерот Мицковски кој во интервју кажа дека тој знаел и разговарале за одлуката на Фетаи да се повлече од владиниот состав. Разговаравме и ми рече дека тој веќе не се гледа себеси во бладиниот состав кој јас го предводам рече премиерот Мицковски.
Разговаравме имајки ги предвид неговите квалитети и ангажмани во Брисел пред да дојде и да биде вицепремиер, сепак да и помага на Македонија од Брисел,ќе видиме ќе разговараме да биде една врста наш специјален преставник во седиштето на ЕУ во Брисел. Се договоривме да размислиме и да дефинираме за неговиот ангажман во Белгија рече премиерот Мицковски кој потврди дека Фетаи во меѓувреме е во Белгија,државата во која ѓивеел пред политички да се ангажира во владата на чие чело е тој.
Сепак Фетаи вечерва за прв пат преку фејсбук се огласи во јавност но не од Брисел туку од Таланд каде што е најверојатно на туристичко патување.
Учеството во политиката во Македонија и улогата вицепремиер во владата најверојатно ќе му биде неуспешна авантура а дали ќе биде некаков специјален преставник во Брисел како што посакува премиерот останува да видиме

