Забраната за купување и употреба на дронови во Пекинг ќе стапи на сила в петок, 1 мај.
Градската влада донесе низа прописи кон крајот на март со кои се забранува купувањето и употребата на дронови, иако на граѓаните одамна им е забрането да ги користат леталата во градот.
Купувањето дронови преку интернет е оневозможено за адреси во Пекинг, а продавачите велат дека мора да се ослободат од сите залихи до утре.
Универзитетите, истражувачките институти и агенциите за јавна безбедност сè уште ќе можат да користат дронови, додека сите други корисници ќе мора да добијат дозвола од полицијата.
Прекршувањето на мерката е казниво со парична казна од околу 62 евра и можна конфискација на леталото.
Кинеските компании доминираат на глобалниот пазар за цивилни дронови, што предизвикува загриженост во земји како што се САД, каде што Федералната комисија за комуникации забрани нови модели на странски дронови.
Безбедносните ограничувања во Пекинг често се построги отколку во другите делови на Кина.
Кина претходно им забрани на возачите на „Тесла“ да ги паркираат своите возила на одредени владини објекти, вклучително и на аеродромите, поради сомневања дека автомобилите се опремени со камери за шпионажа.

