Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Измамиле скопјанец (73) со лажен дијамант – им дал 4.000 денари за „болна“ жена

30 април 2026

Слободата на печатот во светот нагло опадна. САД тоне помеѓу Боцвана и Панама

30 април 2026

Иран веројатно нема да направи значајни отстапки кон САД во следниот предлог

30 април 2026

Обвинителството тврди дека има пропусти и имотна корист, одбраната негира вина на тројцата полицајци од Кочани, пресудата закажана за 5 мај

30 април 2026

(Видео) Автобус со патници падна во реката Сена во Франција

30 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 30
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Трамп се сретна во Белата куќа со астронаутите на НАСА од мисијата „Артемис II“

Press OnlineBy Press Online30 април 2026 Свет
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во Белата куќа се сретна со астронаутите на НАСА од мисијата „Артемис II“ и притоа се пошегува за своите вселенски амбиции, наведувајќи дека нема да има проблем да стане астронаут на НАСА, пренесе ДПА.

„Мора да бидете многу паметни. Мора да правите многу работи физички добро“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „Значи, немаше да имам проблем да успеам, физички сум многу, многу добар“, пренесе агенцијата.

Свртувајќи се кон шефот на НАСА, Џаред Исакман, кој стоеше зад него, Трамп праша дали на претседателите воопшто им е дозволено да се приклучат на вселенски мисии, на што Исакман одговори: „Можеме да почнеме да работиме на тоа, господине претседателе“.

Меѓутоа, претходно, Трамп го пофали екипажот на „Артемис II“, велејќи дека самиот не би сакал да учествува во таква мисија. Тој ги опиша астронаутите Виктор Гловер, Кристина Кох, Рид Вајзман и канадскиот астронаут Џереми Хансен како „многу храбри“, честитајќи им на нивното патување.

„Не знам како го прават тоа“, рече Трамп, забележувајќи дека привлекле глобално внимание, пренесе ДПА.

Четирите астронаути беа првите луѓе по повеќе од 50 години кои патуваа во близина на Месечината. Тие беа лансирани претходно овој месец од Кејп Канаверал во американската држава Флорида, летаа околу Месечината и се вратија на Земјата, приземјувајќи се во Пацификот, во близина на Сан Диего. За време на мисијата, тие достигнаа поголема оддалеченост од Земјата од кој било човек пред нив.

Поврзани содржини

Слободата на печатот во светот нагло опадна. САД тоне помеѓу Боцвана и Панама

30 април 2026

(Видео) Автобус со патници падна во реката Сена во Франција

30 април 2026

Мистерија од вечерата на новинарите со Трамп: Кој пукаше во агентот од Тајната служба

30 април 2026
НАЈНОВО

Измамиле скопјанец (73) со лажен дијамант – им дал 4.000 денари за „болна“ жена

30 април 2026

Слободата на печатот во светот нагло опадна. САД тоне помеѓу Боцвана и Панама

30 април 2026

Иран веројатно нема да направи значајни отстапки кон САД во следниот предлог

30 април 2026

Обвинителството тврди дека има пропусти и имотна корист, одбраната негира вина на тројцата полицајци од Кочани, пресудата закажана за 5 мај

30 април 2026

(Видео) Автобус со патници падна во реката Сена во Франција

30 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.