Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Слободата на печатот во светот нагло опадна. САД тоне помеѓу Боцвана и Панама

30 април 2026

Иран веројатно нема да направи значајни отстапки кон САД во следниот предлог

30 април 2026

Обвинителството тврди дека има пропусти и имотна корист, одбраната негира вина на тројцата полицајци од Кочани, пресудата закажана за 5 мај

30 април 2026

(Видео) Автобус со патници падна во реката Сена во Франција

30 април 2026

Во март Србија ја посетиле најмногу туристи од Русија и од Северна Македонија

30 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 30
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Обвинителството тврди дека има пропусти и имотна корист, одбраната негира вина на тројцата полицајци од Кочани, пресудата закажана за 5 мај

Press OnlineBy Press Online30 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со завршни зборови денеска пред Основниот кривичен суд Скопје беше заокружено судењето против тројцата обвинети полицајци од Кочани – Кире Богатинов, Горан Лазаров и Александар Темелков. Во завршните обраќања Обвинителството побара осудителна пресуда поради неизвршување на службената должност, а одбраната побара ослободување на обвинетите оценувајќи дека вината не е докажана. Пресудата, како што соопшти судот, ќе биде изречена на 5 мај.



Во завршниот збор, јавниот обвинител, Спасенка Андонова, истакна дека во текот на постапката биле изведени многубројни материјални и вербални докази, кои, според обвинението, јасно ги прикажуваат хронологијата на настаните и пропустите на обвинетите како службени лица. Обвинителството смета дека Кире Богатинов и Горан Лазаров во периодот од 7 октомври 2023 до 7 февруари 2024 година не постапиле целосно по анекс-плановите за акциска контрола и не ги извршиле своите службени обврски при составувањето записници за контрола на кабарето „Пулс“ во Кочани.

Обвинителката Андонова нагласи дека обвинетите прифатиле усни претставувања од лице што не било соодветно легитимирано и не побарале потребна документација.

– Од анализата на доказите неспорно произлегува дека обвинетите не ги извршиле своите службени должности, што резултирало со прибавување имотна корист – неповедување прекршочна постапка за правното лице „ММММ кафе“ ДООЕЛ Кочани“ – изјави Андонова додавајќи дека ваквите постапки претставуваат суштинска повреда на законските обврски.

Во однос на третообвинетиот Александар Темелков, Обвинителството тврди дека тој, при одобрување на барањата за поведување прекршочна постапка, не ја проверил целокупната документација и покрај тоа што бил должен да го стори тоа, туку ги потпишал и доставил до судот, со што, според обвинението, придонел за незаконитите последици.

Одбраната, пак, во своите завршни зборови побара ослободителна пресуда за сите обвинети. Бранителот на Кире Богатинов оцени дека доказите, наместо да ја потврдат тезата на Обвинителството, покажале дека таа е „неоснована и правно погрешна“. Според одбраната, Обвинителството не успеало да докаже дека е сторено кривично дело, ниту дека постои утврдена имотна корист – како клучен елемент за кривична одговорност.- Не може да станува збор за неизвршување службена должност бидејќи обвинетите не можеле да прекршат обврска што не постои, како, на пример, барање лиценца, која не била во нивна надлежност – беше истакнато во одбраната.

И двајцата обвинети, Богатинов и Лазаров, во своите лични обраќања пред судот изјавија дека во сите акциски контроли постапувале во согласност со законите и дека не се чувствуваат виновни. Лазаров повторно побара вештачење на записникот за кој Обвинителството тврди дека е негов.

Бранителот на третообвинетиот Александар Темелков оцени дека се работи за „паушален обид“ да се утврди вина и дека со ниеден доказ не е потврдена директна умисла кај неговиот клиент. Темелков, пак, пред судот ги отфрли сите обвинувања изјавувајќи дека дејствувал совесно, стручно и во согласност со законот.

Според обвинението, во периодот од октомври 2023 до февруари 2024 година обвинетите Кире Богатинов и Горан Лазаров како службени лица не постапиле целосно по анекс-плановите за акциска контрола при составување записници, во кои, иако биле евидентирани прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, биле внесени неточни податоци за правното лице кабаре „Пулс“ во Кочани, а третообвинетиот Александар Темелков при одобрување барања за поведување прекршочна постапка не ја проверил целокупната документација и покрај законската обврска, туку ги потпишал и доставил до судот, при што постапките биле водени против неактивно правно и физичко лице, а со ваквите дејства, според Обвинителството, била прибавена имотна корист – неповедување прекршочна постапка за „ММММ кафе“ ДООЕЛ Кочани – подружница „Кабаре Пулс“ и за одговорното лице.



Поврзани содржини

Иран веројатно нема да направи значајни отстапки кон САД во следниот предлог

30 април 2026

Врховен суд: Камчев нема право на 1,5 милиони евра во „Рекет“

30 април 2026

РКЕ со препорака до компаниите да продолжат со греење поради ниските температури во следните два дена

30 април 2026
НАЈНОВО

Слободата на печатот во светот нагло опадна. САД тоне помеѓу Боцвана и Панама

30 април 2026

Иран веројатно нема да направи значајни отстапки кон САД во следниот предлог

30 април 2026

Обвинителството тврди дека има пропусти и имотна корист, одбраната негира вина на тројцата полицајци од Кочани, пресудата закажана за 5 мај

30 април 2026

(Видео) Автобус со патници падна во реката Сена во Франција

30 април 2026

Во март Србија ја посетиле најмногу туристи од Русија и од Северна Македонија

30 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.