Петмина врховни судии пресекле дека бизнисменот Јордан Камчев нема право да бара милион и пол евра како надомест за штета во предметот „Рекет“ во граѓанска постапка.
Камчев, преку неговиот адвокат Александар Михајловски, ги обжали одлуките на пониските судови кои му ја одбија тужбата и поднесе барање за ревизија до Врховниот суд.
Тој во 2022 ги тужеше Катица Јанева, Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и поранешното СЈО oд кои бараше солидарно да му ги вратат парите што ги дал како рекет.
Подоцна Камчев се откажа да го тужи Зоран Милевски Кичеец.
Во образложението на пресудата на Врховниот суд пишува дека Камчев во „Рекет“ не е оштетен. Тој како тужител се впуштил во „морално недопуштено договарање со тужените“ да дава пари за да се спаси од притвор во предметот „Империја“ и затоа нема право да ги бара парите што ги дал.
„Кога двете страни се несовесни, ниту една од нив не може да го поврати назад даденото“, стои во пресудата донесена на крајот од февруари, а објавена на крајот на април.
Повеќе на Призма.мк

