Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Речиси 25 проценти од првичните барања за азил во ЕУ поднесени од малолетници

30 април 2026

Трендафилов: Половина од работниците земаат плата под 600 евра, ќе протестираат или ќе одат на викенд за 1 Мај?

30 април 2026

Тренчевска: Мицкоски на шверцерски начин ја укинува техничката влада, СДСМ се повлекува од Изборниот законик

30 април 2026

Мицкоски: СДСМ лажеа дека ќе банкротираме, дека ќе дојдат мигранти, дека се блокирани ИПАРД фондовите, за Вајц лажеа и за се беа демантирани

30 април 2026

СДСМ бара оставка од Тошковски: Врсничко и семејно насилство, жртви, скандали, убиства и дрога од 5 тони

30 април 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, април 30
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Тренчевска: Мицкоски на шверцерски начин ја укинува техничката влада, СДСМ се повлекува од Изборниот законик

Press OnlineBy Press Online30 април 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Јована Тренчевска, го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека без консензус и по скратена постапка ја укинува техничката влада, иако додека беше во опозиција инсистираше таа да постои сè до влегувањето на државата во Европската Унија. Таа алармираше дека доколку власта продолжи на сила да ја турка оваа законска измена денеска во Собранието, опозицијата целосно ќе се повлече од работата за новиот Изборен законик, изјави Тренчевска на денешната прес-конференција.

Потпретседателката на партијата нагласи дека наместо да се почитува законот донесен со консензус и со поддршка од меѓународната заедница, актуелната власт свесно го урива овој механизам за контрола. Според неа, владата веќе го узурпирала судството и јавното обвинителство, го партизирала Министерството за внатрешни работи со нов закон кој овозможува поставување партиски кадри на клучни позиции и не го изгласала законот за заштита на личните податоци од системот „Safe City“. Дополнително, Тренчевска обвини дека власта контролира над 40 отсто од медиумскиот простор, ја партизирала националната телевизија и врши финансиски притисок врз останатите медиуми.

Овие потези, како што порача таа, претставуваат свесно уривање на рамнотежата за да се овозможи концентрација на моќ во рацете на една партија и директна подготовка за изборна кражба. Тренчевска заклучи дека техничката влада не е привилегија на опозицијата, туку законска и демократска обврска која мора да остане на сила за да се обезбедат минимални услови за фер и демократски изборни процеси, повикувајќи веднаш да се запре измената на законските одредби.

Поврзани содржини

Трендафилов: Половина од работниците земаат плата под 600 евра, ќе протестираат или ќе одат на викенд за 1 Мај?

30 април 2026

Мицкоски: СДСМ лажеа дека ќе банкротираме, дека ќе дојдат мигранти, дека се блокирани ИПАРД фондовите, за Вајц лажеа и за се беа демантирани

30 април 2026

СДСМ бара оставка од Тошковски: Врсничко и семејно насилство, жртви, скандали, убиства и дрога од 5 тони

30 април 2026
НАЈНОВО

Речиси 25 проценти од првичните барања за азил во ЕУ поднесени од малолетници

30 април 2026

Трендафилов: Половина од работниците земаат плата под 600 евра, ќе протестираат или ќе одат на викенд за 1 Мај?

30 април 2026

Тренчевска: Мицкоски на шверцерски начин ја укинува техничката влада, СДСМ се повлекува од Изборниот законик

30 април 2026

Мицкоски: СДСМ лажеа дека ќе банкротираме, дека ќе дојдат мигранти, дека се блокирани ИПАРД фондовите, за Вајц лажеа и за се беа демантирани

30 април 2026

СДСМ бара оставка од Тошковски: Врсничко и семејно насилство, жртви, скандали, убиства и дрога од 5 тони

30 април 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.