Тело на непознато лице, најдено е утрово во загребскиот парк „Максимир“.
Пожарникари пристигнале на местото на настанот во паркот „Максимир“ и го извлекле телото.
Загрепската полиција потврди за DNEVNIK.hr дека кратко по 8 часот наутро е примена пријава дека телото на засега непознато лице е пронајдено во езерото Максимир.
Тие додадоа дека пожарникарите исто така пристигнале на местото на настанот заедно со полицијата и го извлекле телото од езерото. Идентитетот на лицето се утврдува.
Парк-шумата „Максимир“ во главниот град на Хрватска, Загреб е формирана кон крајот на 18 и почетокот на 19 век. Се протега на површина од 316 хектари, а таму има пет вештачки езера. Парк-шумата, со време од сите страни е окружена од градски населби.
Најголемо е последно изграденото петто оезеро, чија длабочина достигнува до 6 метри.
Не е прецизирано во кое езеро е пронајдено телото.

