Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Несоодветно шетање куче ќе ве „чини“ 400 евра, нов Закон за домашни миленичиња

1 мај 2026

Француска калуѓерка нападната и клоцана во Ерусалим (Видео)

1 мај 2026

Туристи ги запоседнаа јавните тоалети во Охрид, цената е 50 денари

1 мај 2026

Награда од Советот за етика за „Нелегалните патишта на отпадот“

1 мај 2026

Авионска несреќа во Тексас: Нема преживеани

1 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 1
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Награда од Советот за етика за „Нелегалните патишта на отпадот“

Press OnlineBy Press Online1 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Новинарите Александар Методијев и Сузана Мицева се добитници на втората награда на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), коешто ова саморегулаторно тело ја доделува по повод Денот на слободата на медиумите – 3 Мај.



Наградата на Методијев и Мицева им беше доделена за прекуграничното истражување за нелегалните активности со отпадот, од кое произлегоа истражувачко-документарен филм насловен „Нелегалните патишта на отпадот“ и серија онлајн-текстови. По телевизиската премиера на ТВ Телма во ноември минатата година, наодите од истражувањето во проширена верзија беа објавени преку серија онлајн-текстови на Нота.мк и Либертас.мк. Истражувањето беше поддржано од бриселската организација „Џурналисамфонд Јуроп“.

Истражувањето покажа дека Македонија во последната деценија увезла над 2,19 милијарди килограми отпад, во систем каде политички и бизнис притисоци врз инспектори и институции овозможуваат нелегални депонии да функционираат неказнето. Истажувањето документираше горење на дива депонија на која беше фрлен асфалт изваден со пари од унгарскиот кредит. Неколку дена пред големиот пожар во отпадот со стари автомобили во Визбегово, Мицева и Методијев ја документираа состојбата на локацијата.

Новинарскиот тим, во кој беа вклучени и новинарите Станимир Вагленов од Бугарија и Сања Петров од Србија, истраживаше меѓународни криминални мрежи што го користат Балканот како евтина и слабо контролирана зона за отпад. Беа пренесени примери за откриени нелегални активности со отпадот од Западна Европа кон Балканот, но и во Македонија, како и за поврзаноста на шверцот на дрога со шверцот на отпад. Методијев и Мицева пренесоа дека МВР и италијанските Карабинери формираат специјална единица за еколошки криминал, дека годишните количини на отпад депонирани на Дрисла меѓу 2014 и 2024 година се зголемени за над два милиони тони, а документираа и бавни реакции на институциите и повторно полнење на „исчистена“ депонија со нов асфалт изваден со унгарски пари.

Првата награда ја доби Михаил Милошевски од „360 Степени“ за сторијата „Како Македонија ќе го напушти јагленот без да ја загуби енергетскатастабилност“, а трета награда ја освои Валентина Вурмо за сторијата „Дали освен сопственото не труе и странско ѓубре“, објавена во магазинот „Лице в лице“.

Наградата Советот за етика ја доделува трета година по ред и оваа година и годинашната тема „Факти и дезинформации за климатските промени“ одново се однесуваше на заштитата на животната средина. Наградите за најдобри новинарски стории и за најдобра фотографија се доделуваат со поддршка од УНЕСКО, во рамки на проектот „Градење доверба во медиумите во Југоисточна Европа: Поддршка за новинарството како јавно добро“, финансиски поддржан од Европската Унија.

На доделувањето на наградите свое обраќање имаше Џошуа Масаренти, регионалниот координатор на УНЕСКО, со седиште во Сараево.

Наградите ги врачи Шефот на секоторот за соработка, Штефан Худолин, во Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Повикот за наградите беше отворен за сите професионални новинари и фото и видео репортери во Македонија, за стории објавени во периодот од 1 Мај 2025 година до 15 Април 2026 година. Критериумите за наградите вклучуваат автентична и аналитична новинарска сторија, фотографија или видео од широк јавен интерес, што ги задоволува највисоките етички стандарди во новинарството. Авторите беа наградени со сертификати и 1200 американски долари за првата награда и по 800 американски долари за втората награда и за најдобрата фотографија/видео.

Годинава вкупно 16 автори со 29 новинарски трудови од различни жанрови учествуваа на конкурсот на Советот за етика. За најдобрите новинарски производи одлучувало жири составено од Ирена Мулачка, главена и одговорна уредничка на списанието „Фокус“, Маја Блажевска, новинарка и поранешна дописничка за „Ал Џезира Балканс“ и Јане Димоски, новинар, еколошки активист и советничк во Општина Центар.

CЕМM има за цел да поттикне пошироко медиумско покривање на еколошките прашања во Северна Македонија кои влијаат врз квалитетот на животот на граѓаните и придонесуваат за глобалните климатски промени. Во исто време, иницијативата има за цел да поттикне поголемо ангажирање кај новинарите во идентификувањето решенија за долгогодишните еколошки „жаришта“ во регионот, справувањето со поврзаните дезинформации и подигањето на јавната свест за важноста на здравата животна средина како локален и глобален приоритет.



Поврзани содржини

Несоодветно шетање куче ќе ве „чини“ 400 евра, нов Закон за домашни миленичиња

1 мај 2026

Туристи ги запоседнаа јавните тоалети во Охрид, цената е 50 денари

1 мај 2026

Запленети автоматска пушка, пиштол, револвер и дрога при претрес во дом во Велешта

1 мај 2026
НАЈНОВО

Несоодветно шетање куче ќе ве „чини“ 400 евра, нов Закон за домашни миленичиња

1 мај 2026

Француска калуѓерка нападната и клоцана во Ерусалим (Видео)

1 мај 2026

Туристи ги запоседнаа јавните тоалети во Охрид, цената е 50 денари

1 мај 2026

Награда од Советот за етика за „Нелегалните патишта на отпадот“

1 мај 2026

Авионска несреќа во Тексас: Нема преживеани

1 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.