Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Запленети автоматска пушка, пиштол, револвер и дрога при претрес во дом во Велешта

1 мај 2026

Холандија побара европска помош за справување со шумските пожари

1 мај 2026

Бранко Азески се чуди зошто бизнисмени се сметаат за „сомнителни ликови“ во Македонија

1 мај 2026

ШВЕЃАНИ КИРАЏИИ – Либертас

1 мај 2026

Од денес слободно движење меѓу Косово и Албанија

1 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
петок, мај 1
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

ШВЕЃАНИ КИРАЏИИ – Либертас

Press OnlineBy Press Online1 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Си мислев дека оние што седат на гајба пред кооперација, пијат пиво и раскажуваат како ќе пропадне Европската унија си трескаат глупости за да им биде забавно. Ама не било така. Излезе дека тие биле многу добро информирани. Штом и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека „во следните 10 до 15 години големи европски земји, десетици, ќе банкротираат“, тогаш значи навистина вреди да чекаме да пропадне Европската унија.



Министерката за финансии овие сознанија ги сподели со јавноста откако се врати од Вашингтон каде што нашата влада добила пофалби од Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во врска со консолидацијата на буџетот. Вели дека нашите луѓе, иселениците се враќаат, оти гледаат дека на Запад не ја бива ситуацијата. А нас ептен нѐ бива.

Ако чекаме да банкротираат десетици големи европски земји, зошто тогаш Владата на Мицкоски во која седи министерката за финансии се фали со странски инвестиции? Дали и компаниите што имаат инвестирано во Македонија се од земјите што ќе чекаме да пропаднат? Нели е малку глупаво да им се радуваме на инвестициите, а знаеме дека ќе пропаднат.

Премиерот вели: „Тешко се живее и во Германија, еве сега се враќам од Австрија, тешко се живее и во Австрија, таму пак, литар бензин и дизел се над 2 евра“. Што ќе значи банкротот на големите европски земји за иселениците што се враќаат толку масовно, што не може да останат незабележани, па дури и премиерот Мицкоски таму некаде околу Божиќ ги имаше сретнато во авион од Франкфурт накај Скопје? Доаѓаат да ги преземат фабриките на газдите каде што таму работат. Кога ќе почнат да им банкротираат економиите, ќе им ги земеме фабриките на европските компании за мали пари. Дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ создава независен автономен систем што може да опстане и при пропаднати економии на десетици големи европски земји.

Малку ќе ни бидат и овие 60.000 нови, а непродадени и неоданочени станови во Скопје што стојат празни. Кога ќе почнат граѓаните на Европската унија, газ преку глава, панично да бегаат и да бараат спас од сиромаштијата, ете станови каде што ќе се населат бундес печалбарите. Фабриките ќе ни се наполнат со квалификувана работна сила од Германија, Холандија, Франција, Шведска… А становите ќе добијат пристојни станари научени на ред по ЕУ стандарди. Што убаво, Швеѓани и Данци за кираџии. Се надевам дека нема брзо да им ги смениме скандинавските навики за колективно домување.

Океј е. Нека мисли Владата дека ѝ веруваме. Океј е. Нека прават пропаганда. Ама и пропагандата треба да има барем некаква смисла.

Целиоѕ текст на колумната на Горан Михајловски на сдк.мк



Поврзани содржини

Запленети автоматска пушка, пиштол, револвер и дрога при претрес во дом во Велешта

1 мај 2026

Бранко Азески се чуди зошто бизнисмени се сметаат за „сомнителни ликови“ во Македонија

1 мај 2026

Лишени од слобода седуммина за безобѕирно управување возило

1 мај 2026
НАЈНОВО

Запленети автоматска пушка, пиштол, револвер и дрога при претрес во дом во Велешта

1 мај 2026

Холандија побара европска помош за справување со шумските пожари

1 мај 2026

Бранко Азески се чуди зошто бизнисмени се сметаат за „сомнителни ликови“ во Македонија

1 мај 2026

ШВЕЃАНИ КИРАЏИИ – Либертас

1 мај 2026

Од денес слободно движење меѓу Косово и Албанија

1 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.