Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Мато Наполетано“ од Скопје стана дел од најрелевантната светска организација за неаполитанска пица

2 мај 2026

Америка ги предупредува бродовите: Плаќањето на Иран за поминување низ Ормускиот Теснец води до воведување санкции

2 мај 2026

(ВИДЕО) Кузеска: По најавите на Петер Маѓар, Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од Унгарскиот кредит

2 мај 2026

Иранска активистка и добитничка на Нобелова награда доживеа срцев удар во затвор

2 мај 2026

Арагчи: Вооружените сили на Иран се подготвени за одбрана, Техеран отворен за дипломатија

2 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Еколозите до претседателката: Не го потпишувајте Законот за минерални суровини, отровот не е патриотски или демократски, ќе ни ја уништи татковината

Press OnlineBy Press Online2 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Невладината „Здрава котлина” се обрати директно до претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Апелираа до претседателката правото да биде пред профитот, народот пред олигархијата.



„Почитувана претседателке Сиљановска Давкова, завчера во Собранието мнозинството пратеници го изгласа и потпиша сопствениот морален банкрот. Сега Вие сте последната легална бариера помеѓу озаконувањето на корпоративниот апетит на ‘рударите на смртта“ наспроти животот на граѓаните. Како правник, знаете дека овој закон не е само еколошка бомба, туку и уставен преседан”, посочуваат од организацијата.

Овој закон, изгласан од мнозинството пред празникот, овозможува концесионерот да добие дозвола за работа пред да го реши имотно-правниот спор со сопствениците на земјата. Ова, сметаат еколозите, е директна повреда на правото на сопственост загарантирано со Уставот.

„Државата со овој закон се става во служба на приватен (честопати сомнителен офшор) капитал, дозволувајќи му да гази врз туѓ имот без финална експропријација. Тоа не е владеење на правото, туку законско дивеење за што државата ќе плаќа (или на сопственикот или на концесионерот), а сериозни конфликти ќе се случуваат на терен поради правната несигурност на приватната сопственост“, посочуваат од еколошката организација.

Според организацијата, Струмица, Гевгелија, Валандово и Прилеп се мобилизираат и нивниот глас треба да се слушне. Посочуваат дека, ако овој закон биде потпишан, тоа ќе биде сигнал за општа мобилизација.

„Партиите кои во 2023 глумеа загриженост на плоштадите во Струмица, вчера го покажаа своето вистинско лице. Но народот не е во хибернација: Струмица и Валандово: Не заборавајте на ветувањата! Ова е напад врз вашата егзистенција. Ако некој им даде дозвола за експлоатација, со која багерите ќе тргнат кон Иловица и Казандол, тогаш патиштата во целиот регион ќе бидат блокирани од илјадници семејства. Во Струмица се случи градот да нема чиста вода два месеци поради манган во езерото Турија. Со рудник што ја бара водата од Турија, може да замислите што ќе се случи, а за сите останати опасности за што зборувавме со години, беше потврдено од експерти; во МАНУ никој немаше одговори на поставените прашања, а сега е потврдено од сите модели на вештачка интелигенција. Е затоа ќе има народ на барикадите и нема назад! Гевгелија: Вие бевте првите што кажавте „НЕ“ на референдум. Овој закон е обид да се поништи вашата демократска волја. Гевгелија и Кожув нема да бидат рударска јама! Премногу поминавме за да се откажеме и да го препуштиме. Прилеп: Не дозволувајте под маската на „економски развој“ да ви го украдат правото на чист воздух и вода. Марко Цепенков од Ореовец не пишувал за рудници на смртта, туку за плодна земја. Без локална вода, Прилеп е особено загрозен во годините што идат“, нагласуваат од „Здрава котлина“.

Тие бараат претседателката да го искористи правото на вето за законот кој, како што велат, е донесен набрзина, без вистинска јавна расправа, со цел да се заврши „работата“ пред изборите во 2028 година.

„Политичките партии се расправаат за тоа чиј е ‘отровот’, но граѓаните не прифаќаат ниту грам отровна рударска прашина во својата храна и вода. Бараме од претседателката Сиљановска Давкова да застане на страната на Уставот и народот. Не го потпишувајте указот за овој закон! Не дозволувајте македонската земја да стане сопственост на офшор олигархијата, додека земјоделецот се претвора во наемник на сопствената нива. Доколку претседателката го потпише ова, таа го потпишува уништувањето на Југоистокот. Време е за масовен притисок – социјални мрежи, протестни писма до Кабинетот на Претседателот и подготовка за теренска акција. Не нè лажете со геополитички прикаски. Народот не го интересира дали капиталот е ‘западен’ или ‘источен’, дали газдата е член на руска академија или бугарски олигарх со седиште на Кајманските Острови. Ете ви го за пример Цоло Вутов, со сите бои намачкан, ама правниот и безбедносниот систем на државата не може да се види и тој е сопственик на повеќе од 70% од Иловица-Штука во концесија што не добила дозвола за експлоатација од 2012 до 2026, иако максималниот законски рок е 4 години. Ова е тоа кога некои закони не мора да се почитуваат, ама ако е така, зошто да се плаќаат даноци ако селективноста е само привилегија на богатите што не им е гајле за другите?“, прашуваат од организацијата.

Според „Здрава котлина“, отровот нема знаме и лева или десна идеологија.



Поврзани содржини

Мато Наполетано“ од Скопје стана дел од најрелевантната светска организација за неаполитанска пица

2 мај 2026

(ВИДЕО) Кузеска: По најавите на Петер Маѓар, Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од Унгарскиот кредит

2 мај 2026

Арагчи: Вооружените сили на Иран се подготвени за одбрана, Техеран отворен за дипломатија

2 мај 2026
НАЈНОВО

Мато Наполетано“ од Скопје стана дел од најрелевантната светска организација за неаполитанска пица

2 мај 2026

Америка ги предупредува бродовите: Плаќањето на Иран за поминување низ Ормускиот Теснец води до воведување санкции

2 мај 2026

(ВИДЕО) Кузеска: По најавите на Петер Маѓар, Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од Унгарскиот кредит

2 мај 2026

Иранска активистка и добитничка на Нобелова награда доживеа срцев удар во затвор

2 мај 2026

Арагчи: Вооружените сили на Иран се подготвени за одбрана, Техеран отворен за дипломатија

2 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.