Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Маѓар го назначи братот на неговата сопруга за министер; па се правда: „Неговото искуство и работа се несомнени“

2 мај 2026

ДУИ: Бурим Латифи и по три дена се крие и молчи за штетата од 6 милиони евра што ја предизвикал

2 мај 2026

Мато Наполетано“ од Скопје стана дел од најрелевантната светска организација за неаполитанска пица

2 мај 2026

Америка ги предупредува бродовите: Плаќањето на Иран за поминување низ Ормускиот Теснец води до воведување санкции

2 мај 2026

(ВИДЕО) Кузеска: По најавите на Петер Маѓар, Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од Унгарскиот кредит

2 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

(ВИДЕО) Кузеска: По најавите на Петер Маѓар, Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од Унгарскиот кредит

Press OnlineBy Press Online2 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО



Со падот на пријателот на Мицкоски и негов заштитник, Виктор Орбан, започнува разоткривањето на бизнис мрежата која ќе ја видат и граѓаните на Македонија.

Освен бизнисите и релациите на Орбан новиот унгарски премиер Петер Маѓар најави преиспитување и на скапите меѓународни договори за кинеските кредити.

Тоа директно ја засега и Македонија и македонските граѓани.

Мицкоски и целата ВМРО-ОКГ се најблиските Орбанови партнери и пријатели на Балканот.

Еден од тие скапи и нетранспарентни договори склучи Владата на Мицкоски со владата на Орбан со кој што ги задолжи граѓаните 1 милијарда евра.

Реномираниот медиум, Блумберг вчера објави дека Унгарија објави претходно необјавени детали за заем од 1 милијарда евра што владата на Орбан го земала од Кина во 2024 година.

Истата година кога Мицкоски го зеде кредитот од Унгарија со иста сума.

Парите Унгарија ги земала од Кина истата 2024 година од China Development Bank, Export-Import Bank of China и унгарската филијала на Bank of China.

Новите информации излегуваат по изборниот пораз на Орбан. Се криеле трошоци, камати, еднократни трошоци.

Исто како во Македонија. Имаше скриени трошоци кои владата никогаш не ги соопшти. Над 1 милиони евра беа префрлени за договорни услуги, но никогаш не се дозна дали се за банкарски провизии или за консултантски услуги.

И се уште не се знае каде завршија овие пари. Освен дека ќе мора да ги вратат граѓаните.

И во Македонија мора да има истрага за кинеските пари.

Сè што Маѓар сега го разоткрива во Унгарија – перење пари, контрола на медиуми, тајни бизниси, корупција, директно се пресликува и во Македонија.

Затоа СДСМ повикува Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага и се да се истражи.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

 



Поврзани содржини

ДУИ: Бурим Латифи и по три дена се крие и молчи за штетата од 6 милиони евра што ја предизвикал

2 мај 2026

Мато Наполетано“ од Скопје стана дел од најрелевантната светска организација за неаполитанска пица

2 мај 2026

Арагчи: Вооружените сили на Иран се подготвени за одбрана, Техеран отворен за дипломатија

2 мај 2026
НАЈНОВО

Маѓар го назначи братот на неговата сопруга за министер; па се правда: „Неговото искуство и работа се несомнени“

2 мај 2026

ДУИ: Бурим Латифи и по три дена се крие и молчи за штетата од 6 милиони евра што ја предизвикал

2 мај 2026

Мато Наполетано“ од Скопје стана дел од најрелевантната светска организација за неаполитанска пица

2 мај 2026

Америка ги предупредува бродовите: Плаќањето на Иран за поминување низ Ормускиот Теснец води до воведување санкции

2 мај 2026

(ВИДЕО) Кузеска: По најавите на Петер Маѓар, Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од Унгарскиот кредит

2 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.