Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз

3 мај 2026

Воздушниот сообраќај над Емиратите повторно нормализиран, укинати мерките на претпазливост

3 мај 2026

Украинска војска: Околу 50 обиди за руски офанзиви од почетокот на денот

2 мај 2026

Независниот синдикат на професионални војници: Министерство за одбрана си формираше „свој синдикат“

2 мај 2026

Цел сме на закани и оцрнувања откако објавивме за незаконското унапредување на Арбреша Беџети Ферати, реагираат од ФОП

2 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
недела, мај 3
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Цел сме на закани и оцрнувања откако објавивме за незаконското унапредување на Арбреша Беџети Ферати, реагираат од ФОП

Press OnlineBy Press Online2 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нашите платформи и личните профили на тимот станаа цел на кампања за заплашување, закани и оцрнување веднаш по јавното разоткривање на незаконското унапредување на Арбреша Беџети Ферати, сопругата на претседателот на Сенатот на Универзитетот во Тетово, Кенан Ферати, реагираат од Форумот за образовни промени (ФОП).



Оттаму велат дека „синоќа работите отидоа подалеку“.

„Едно лице, преку лажни профили, но и од сопствениот профил, испрати навредливи и заканувачки пораки до членовите на семејството на извршниот директор на ФОП, Бленди Ходаи. Ја информираме јавноста и сите оние што имаат намера да тргнат по сличен пат: Сите случаи се пријавени во Секторот за внатрешни работи во Тетово. Се преземаат сите потребни мерки за расветлување на случајот. Заканите кај нас не поминуваат. Универзитетот во Тетово ќе се ослободи од криминалот и од академските криминалци“, соопштија од ФОП.

Директорот Ходаи преку социјалните мрежи потврди дека бил да пријави во полиција, но, истовремено посочува дека „колку повеќе се закануваат, толку појасно станува дека сме допреле нешто што ве боли“.

„Штотуку пријавив еден обичен заканувач во Полициската станица во Тетово, во врска со последниот случај што го објавивме. Органите на редот ќе се занимаваат со секого што овие денови ќе се осмели да ми се закани мене, на моето семејство или на моите колеги. Многу добро знаете дека со мене заканите не функционираат. Колку повеќе се закануваат, толку појасно станува дека сме допреле нешто што ве боли. Вистината ќе ја извадиме до крај. Ама не пробувајте повторно со моето семејство — таа е црвена линија што не се поминуваа“, напиша активистот Ходаи.

Инаку, Форумот за образовни промени (ФОП) објави дека Арбреша Беџети Ферати, сопруга на претседателот на Сенатот на Универзитетот во Тетово, била унапредена во редовна професорка, со што, како што рекоа, прекршени се 15 законски и статутарни одредби.

„Случајот што го пријавуваме јасно покажува како постојаното мобилизирање на синџирот, на роднини по крв и оние по интерес, надвладеа над Законот, Статутот и секое друго пишано правило. Малку се органите во рамките на Универзитетот во Тетово кои не се вклучени во ова противзаконско академско унапредување. Овој случај е показател дека процесот на унапредувањата повеќе нема никаква врска со тоа колку знаеш, туку кого познаваш“, нагласија од ФОП.

Според Форумот, спорното унапредување на Арбреша Беџети Ферати го покажува и извештајот од Државниот просветен инспекторат, а тоа било овозможено преку неколку органи, меѓу кои и Наставно-научниот совет на Медицинскиот факултет, Сенатот на Универзитетот во Тетово и Рецензентската комисија.

Од ФОП го повикаа актуелниот ректор на Универзитетот во Тетово, Јусуф Зејнели, да соработува со инспекциските органи, наведувајќи дека, според нивни информации, тој одбил да го потпише записникот од извршената инспекција.

„Дополнително, Зејнели мора да сноси одговорност за тоа што целиот овој синџир на законски прекршувања се случил токму во времето кога тој раководи со универзитетот“, рекоа од Форумот.

Исто така, од ФОП бараат Јавното обвинителство да покрене истражна постапка, бидејќи како што наведуваат, станува збор за „добро организирана шема“.

Тие бараат итно поништување на изборот на Ферати во звање, како и Државниот просветен инспекторат да утврди дали таа воопшто ги исполнува условите за избор, најпрво во звањето вонреден професор. Воедно, бараат нејзиниот сопруг, Кенан Ферати, да биде разрешен од функцијата до завршување на случајот.



Поврзани содржини

Независниот синдикат на професионални војници: Министерство за одбрана си формираше „свој синдикат“

2 мај 2026

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија

2 мај 2026

Дипломатски пресврт: Иран нуди договор за отворање на Ормутскиот теснец

2 мај 2026
НАЈНОВО

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз

3 мај 2026

Воздушниот сообраќај над Емиратите повторно нормализиран, укинати мерките на претпазливост

3 мај 2026

Украинска војска: Околу 50 обиди за руски офанзиви од почетокот на денот

2 мај 2026

Независниот синдикат на професионални војници: Министерство за одбрана си формираше „свој синдикат“

2 мај 2026

Цел сме на закани и оцрнувања откако објавивме за незаконското унапредување на Арбреша Беџети Ферати, реагираат од ФОП

2 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.