Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Цел сме на закани и оцрнувања откако објавивме за незаконското унапредување на Арбреша Беџети Ферати, реагираат од ФОП

2 мај 2026

Зеленски: Невообичаена активност на границата со Белорусија

2 мај 2026

Јеменските власти соопштија дека неидентификувани напаѓачи киднапирале танкер за нафта

2 мај 2026

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија

2 мај 2026

Дипломатски пресврт: Иран нуди договор за отворање на Ормутскиот теснец

2 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија

Press OnlineBy Press Online2 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Нов „бокс меч“ се отвори утрово меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, овој пат околу работата на Заедничката историска комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија, откако опозициската СДСМ обвини за нетранспарентност и скриени договори, додека владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата и возврати со вообичаената остра, но неаргументирана реторика, објави ЦИВИЛ Медиа.

Од СДСМ реагираа по изјава на заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски дека Комисијата редовно одржува средби. Според партијата, јавноста не била информирана за овие активности.

„Како е можно Комисијата да се состанува две години, а тоа да се крие од граѓаните?“, прашуваат од СДСМ, сугерирајќи дека зад овие средби може да стојат подготовки за уставни измени, односно внесување на Бугарите во Уставот.

Опозицијата го доведува во прашање и кредибилитетот на премиерот Христијан Мицкоски, потсетувајќи на неговите претходни изјави дека нема да има отстапки по ова прашање. Сега, велат од СДСМ, најавите дека „ќе се решат реформските прашања“ се индикатор за спротивно сценарио.

„Ако Мицкоски тврди дека во јуни ќе ги реши клучните прашања, тоа значи дека се подготвува да го направи токму она што го негираше“, наведуваат од партијата.

СДСМ потенцира дека нивниот став останува непроменет: внесување на малцинствата во Уставот како услов за продолжување на евроинтегративниот процес. Притоа се повикуваат и на пораките од Европската Унија, кои, според нив, јасно укажуваат дека без овие измени нема напредок.

ВМРО-ДПМНЕ возврати со жестока реторика, но без одговор на прашањата од опозицијата. Тие – без да обелоденат информации за активностите за кои говори опозицијата – се ограничија на етикетирањето дека СДСМ и лидерот Венко Филипче се „без концепт и стратегија“.

Извор: ЦИВИЛ Медиа

Поврзани содржини

Цел сме на закани и оцрнувања откако објавивме за незаконското унапредување на Арбреша Беџети Ферати, реагираат од ФОП

2 мај 2026

Дипломатски пресврт: Иран нуди договор за отворање на Ормутскиот теснец

2 мај 2026

Сообраќајна несреќа во Штип: Малолетни мотоциклисти повредени во судир со „БМВ“ – децата биле пијани

2 мај 2026
НАЈНОВО

Цел сме на закани и оцрнувања откако објавивме за незаконското унапредување на Арбреша Беџети Ферати, реагираат од ФОП

2 мај 2026

Зеленски: Невообичаена активност на границата со Белорусија

2 мај 2026

Јеменските власти соопштија дека неидентификувани напаѓачи киднапирале танкер за нафта

2 мај 2026

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија

2 мај 2026

Дипломатски пресврт: Иран нуди договор за отворање на Ормутскиот теснец

2 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.