Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

СДСМ: Уште ли патуваат документите од Министерството за Правда за Груевски или се заглавија во Пошта

2 мај 2026

Еколозите до претседателката: Не го потпишувајте Законот за минерални суровини, отровот не е патриотски или демократски, ќе ни ја уништи татковината

2 мај 2026

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на воена опрема во вредност од 8,6 милијарди долари на сојузниците од Блискиот Исток

2 мај 2026

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

2 мај 2026

Традиционален планинарски марш на Водно за Денот на европското знаме

2 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
сабота, мај 2
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

Press OnlineBy Press Online2 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Соопштение на СДСМ:



Заменик-министерот за надворешни работи Зоран Димитровски во телевизиска емисија изјави дека Заедничката историска комисија меѓу Македонија и Бугарија редовно одржува средби.

Како никој за ова не знаеше?

Како се состанува, цело време веќе две години, а тоа се крие од јавноста?

Што прават ако не договараат внесување на Бугарите во Уставот?

Христијан Мицкоски вчера повторно ветуваше дека „во јуни ќе ги реши сите реформски прашања” и дека „наскоро од Брисел ќе стигне вест дека Македонија е рамо до рамо со Црна Гора” по прашањето на европските интеграции.

Основното и клучно прашање кое Европа го бара од Македонија е внесување на малцинствата во Уставот, односно Бугарите. Европа е јасна: без тоа – нема напредок. Ова го повтори и Томас Вајц во своето последно интервју.

Ако Мицкоски сега вели дека „ќе ги реши сите реформски прашања во јуни”, тогаш е сосема јасно, ќе ги внесе Бугарите во Уставот.

Доказ за тоа е и фактот дека Историската комисија повторно се состанува, а никој од граѓаните за тоа не знае.

Кога комисијата работи, значи дека Мицкоски тивко се подготвува за она што јавно го негираше.

Останува само едно отворено прашање:

Дали Мицкоски повторно ќе клекне, овојпат пред своите гласачи, молејќи за прошка?

Списокот на неговите лаги станува се подолг.

Лажеше дека ќе го поништи Преспанскиот договор.

Лажеше дека ќе го врати името.

Сите ги нарекуваше „бугарофили” и „предавници на македонскиот идентитет”.

Јавно велење дека „нема отстапување ниту милиметар” и дека „Бугарите никогаш нема да влезат во Уставот додека тој е премиер”.

Сега, кога се подготвува да го стори токму тоа – дали е „мекотел”?

Дали е предавник?

Мицкоски за другите зборува се она што самиот е.

Граѓаните јасно гледаат: тој не води држава. Тој ја води својата криминална организација и се обидува да ги сокрие сопствените лаги.

СДСМ останува на ставот дека малцинствата треба да се внесат во Уставот и да се продолжи патот кон ЕУ.

 

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!



Поврзани содржини

СДСМ: Уште ли патуваат документите од Министерството за Правда за Груевски или се заглавија во Пошта

2 мај 2026

Еколозите до претседателката: Не го потпишувајте Законот за минерални суровини, отровот не е патриотски или демократски, ќе ни ја уништи татковината

2 мај 2026

Традиционален планинарски марш на Водно за Денот на европското знаме

2 мај 2026
НАЈНОВО

СДСМ: Уште ли патуваат документите од Министерството за Правда за Груевски или се заглавија во Пошта

2 мај 2026

Еколозите до претседателката: Не го потпишувајте Законот за минерални суровини, отровот не е патриотски или демократски, ќе ни ја уништи татковината

2 мај 2026

Американскиот Стејт департмент одобри продажба на воена опрема во вредност од 8,6 милијарди долари на сојузниците од Блискиот Исток

2 мај 2026

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

2 мај 2026

Традиционален планинарски марш на Водно за Денот на европското знаме

2 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.