Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Џулијани, пуштен од интензивна нега

7 мај 2026

Пронајдена почината студентка во стан во Штип

7 мај 2026

Грција го менува уставот поради вештачката интелигенција

7 мај 2026

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

7 мај 2026

Ова е слика од вештачка интелигенција објавена од Трамп

7 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 7
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Мицковски – Неможе времено да се работи надвор во некој туристички центри,таму да плаќаме данок а дома бесплатно да се лекуваме

Press OnlineBy Press Online7 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На министерската конференција за демографска отпорност што се одржува во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски испрати директна порака до младите граѓани и дијаспората. Тој истакна дека државата мора да ја трансформира миграцијата од загуба во можност, претворајќи го „одливот на мозоци“ во „прилив на знаење“.



Мицкоски нагласи дека новата Стратегија за 2026-2046 година има за цел да создаде општество во кое младите ќе сакаат да останат и да формираат семејства.

„Младите не смеат да ја доживуваат државата како место од кое треба да заминат за да успеат, туку како место каде можат да ја реализираат својата иднина. Затоа потребни се политики што ќе овозможат подобар баланс помеѓу работата и семејниот живот, поддршка за младите родители, инвестиции во детска заштита, подобри услови за вработување и пристапно домување“, рече Мицкоски.

Тој ја критикуваше практиката на краткорочна работа во странство додека се користат услугите на домашниот систем без придонес во економијата.

„Не можеме да бараме времена работа некаде во некои туристички земји, да контрибуираме во таа локална економија неколку месеци во годината и да плаќаме таму даноци, а да бараме од нашиот здравствен систем овдека бесплатно здравствено осигурување и да живееме со критика кон тој истиот систем којшто ние истите го измачуваме и го истрошуваме“, нагласи премиерот.

Своето обраќање го заврши со апел за заедничка работа на домашниот систем, потенцирајќи дека само со силни соништа и работа дома може да се изгради отпорно општество.

„Дома се гради иднината на вашата татковина“, заклучи Мицкоски пред дипломатскиот кор и меѓународните гости.

 

Поврзани содржини

Пронајдена почината студентка во стан во Штип

7 мај 2026

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

7 мај 2026

Животот во Македонија станува сè поскап: Трошоците пораснаа за скоро 6 отсто

7 мај 2026
НАЈНОВО

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Џулијани, пуштен од интензивна нега

7 мај 2026

Пронајдена почината студентка во стан во Штип

7 мај 2026

Грција го менува уставот поради вештачката интелигенција

7 мај 2026

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

7 мај 2026

Ова е слика од вештачка интелигенција објавена од Трамп

7 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.