Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

Хантавирусот не е нов вирус, вели Пановски: Паниката е непотребна

7 мај 2026

Евакуацијата од крузерот погоден од хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе

7 мај 2026

Филипче: Одложувањето на промените во МВР е победа на СДСМ против партизацијата на полицијата

7 мај 2026

Апелација го одби барањето за изземање на судијата Спиро Борисов од предметот за демолирањето на Класик кафе

7 мај 2026

Вадефул: Иран не смее да се здобие со нуклеарно оружје

7 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 7
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Апелација го одби барањето за изземање на судијата Спиро Борисов од предметот за демолирањето на Класик кафе

Press OnlineBy Press Online7 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Штипска апелација го одби Барањето на судечкиот судија Спиро Борисов за изземање од предметот за демолирањето на Класик кафе поради духовното сродство на судијата со еден од адвокатите на обвинетите.



„Со решение на АС Штип СУ-ИЗЗ-85/26 од 29.04.2026 Барањето за изземање на судијата од ОС Кочани по предметот на ОС Кочани К-165/25 е одбиено како неосновано.“ – стои во краткото известување од Апелациониот суд Штип до Канал 77.

Сега, кочанскиот Основен суд по трет пат ќе се обиде да ги седне тужителот – синот на газдата на Пулс, Михаил Јованов, како управител на БИТ ТИМ и тужените осуммина млади кочанчани, кои ден по трагедијата во Пулс го демолираа вториот угостителски објект на семејството Јованови, Класик кафе во Трговскиот центар во Кочани.

viber slika
На првото рочиште не се појави никој од тужителите, а адвокатката Ивана Коцевска претходно побара одложување, но без доказ за оправданоста за барањето, па судот не го одложи рочиштето.

Во вториот обид за мирење, се појави адвокатката Коцевска, но не и тужителот Михаил Јованов, кој е со мерки за претпазливост како второ обвинет во предметот за пожарот во Пулс, иако има право и обврска да се појави како тужител.

Тогаш, се појави нов адвокат на еден од обвинетите, по што судијата констатираше дека се во духовно сродство, па тогаш најави и Барање за изземање од процесот до Претседателот на Апелациониот суд Штип согласно членот 33 став 2 од Законот за кривична постапка.

„Јас како судечки судија уште во текот на денешниот ден (24 април 2026) ќе упатам Барање за изземање до Претседателот на Апелациониот суд, а заради економичност на постапката и веднаш по донесувањето на Одлуката од страна на Претседателот на Апелациониот суд Штип и во зависност од истата ќе биде одлучено за понатамошниот тек на постапката. Доколку не бидам изземен од постапување во овој предмет, веднаш од моја страна како судечки судија итно ќе бидат преземени дејствија за да се упатат покани до странките за рочиштето. Доколку, пак, бидам изземен од постапување по овој предмет, предметот веднаш ќе биде распределен кај судија кој што работел со кривично правна материја, без оглед на годишниот распоред за работа на судиите од Основниот суд во Кочани“ – изјави тогаш (24 април 2026) судијата на предметот, Спиро Борисов.

Од одбраната на дел од младите кочанчани изнесоа само краток став дека „нема услови за спогодба“, откако во тужбеното барање Јованови побараа оштета со висина од речиси 25 илјади евра за искршениот инвентар, што значи дека младите нема спогодбено да прифатат да му ја надоместат штетата на Јованов, туку ќе докажуваат дека барањето на Јованови е неиздржано.

Поддршка за младите кочанчани има од дел од родителите на загинатите во дискотеката Пулс, кои присуствуваат на рочиштата како јавност.



Поврзани содржини

Хантавирусот не е нов вирус, вели Пановски: Паниката е непотребна

7 мај 2026

Филипче: Одложувањето на промените во МВР е победа на СДСМ против партизацијата на полицијата

7 мај 2026

,Секој ден очекувам да ми кажат да си одам од работното место“ – вели младиот Арсовски со напишани 46 труда на кој му ја поништија дипломата

7 мај 2026
НАЈНОВО

Хантавирусот не е нов вирус, вели Пановски: Паниката е непотребна

7 мај 2026

Евакуацијата од крузерот погоден од хантавирус ќе започне в понеделник од Тенерифе

7 мај 2026

Филипче: Одложувањето на промените во МВР е победа на СДСМ против партизацијата на полицијата

7 мај 2026

Апелација го одби барањето за изземање на судијата Спиро Борисов од предметот за демолирањето на Класик кафе

7 мај 2026

Вадефул: Иран не смее да се здобие со нуклеарно оружје

7 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.