Close Menu
Press OnlinePress Online
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
НАЈНОВО

САД одобрија продажба на оружје за Украина во вредност од 373 милиони долари

7 мај 2026

Што се случи со платите после 3 протести и 3 блокади – ССМ направи пресек

7 мај 2026

Париските библиотекари ќе штрајкуваат поради недостиг на персонал

7 мај 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

7 мај 2026

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

7 мај 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
Press OnlinePress Online
четврток, мај 7
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
ИМПРЕСУМ АЛБАНСКИ ЈАЗИК
Press OnlinePress Online

Што се случи со платите после 3 протести и 3 блокади – ССМ направи пресек

Press OnlineBy Press Online7 мај 2026 Македонија
Share
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

По серијата од три масовни протести и три блокади на клучните институции од почетокот на годинава, направен е детален извештај за тоа кои сектори добија зголемување на платите, а каде власта и работодавачите останаа глуви на работничките барања, соопштија од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Синдикатот потсетува дека работничкото незадоволство кулминираше на улиците на 28 јануари, 14 март и за 1 Мај, кога десетици илјади работници излегоа со клучни барања за раст на минималната и останатите плати, додека истовремено беа блокирани Собранието, Владата и Стопанската комора. Главниот заклучок на организацијата е дека Владата и работодавачите го игнорирале главното барање за минимална плата од 600 евра, па така, без нивна согласност, минималецот беше усогласен за само 1.667 денари во нето износ.

Сепак, синдикалниот притисок резултирал со поместувања во повеќе сектори. Според податоците на ССМ, договорено е зголемување од околу 40 отсто за 11.000 вработени во управата и правосудството во период од 25 месеци, при што првото покачување изнесува од 12 до 14 отсто. Вработените во МВР добија усогласување на платата за 1.667 денари нето, колку што се усогласи и минималната плата. Во образованието платите пораснаа за 7,5 отсто, во културата за 6,8 отсто, а во здравството бележат зголемување од 6 отсто. Раст на примањата од 3.000 до 5.000 денари во нето износ е забележан и во поголем број општини, додека во над 80 отсто од јавните комунални претпријатија платите се зголемија согласно порастот на просечната плата за најмалку 9,6 отсто.

Што се однесува до приватниот сектор, во најголем дел од претпријатијата каде работниците се синдикално организирани преку ССМ, платите пораснале помеѓу 2.000 и 12.000 денари нето. За несиндикализираните работници нема податоци, освен за оние чии плати законски морале да се израмнат со новиот минималец од 26.046 денари. Од друга страна, од ССМ посочуваат дека вработените во Армијата и некои други дејности во јавниот сектор добиле нула отсто зголемување.

Синдикатот наведува фрапантни податоци од УЈП за минатата година, според кои од околу 530.000 работници, повеќе од половината земале плата под 600 евра, додека над една третина биле платени под 31.200 денари. Од Сојузот на синдикатите порачуваат дека платите најчесто се усогласуваат со минималната плата, па затоа, сè додека работниците не разберат дека во нив е силата и дека нивното непочитување се искажува на улица, власта и газдите ќе бидат здружени против нив.

Ј. Ѓ.

Поврзани содржини

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

7 мај 2026

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

7 мај 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

6 мај 2026
НАЈНОВО

САД одобрија продажба на оружје за Украина во вредност од 373 милиони долари

7 мај 2026

Што се случи со платите после 3 протести и 3 блокади – ССМ направи пресек

7 мај 2026

Париските библиотекари ќе штрајкуваат поради недостиг на персонал

7 мај 2026

Димитријевиќ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите по падот на Орбан

7 мај 2026

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

7 мај 2026
  • Насловна
  • Македонија
  • Регион
  • Свет
© 2018- 2026 PressOnline.mk | Сите права се задржани.

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.