
Институт за јавно здравје соопшти дека во моментов нема опасност ниту ризик за граѓаните на Северна Македонија поврзан со случаите на хантавирус регистрирани на крузерот во Јужниот Атлантик.
Од Институтот информираа дека Секторот за епидемиологија е во постојана комуникација со Светска здравствена организација и Европски центар за превенција и контрола на болести, од каде секојдневно добива информации и насоки поврзани со состојбата.
„Нема простор за паника, бидејќи во моментот не постои опасност за македонските граѓани“, посочуваат од ИЈЗ.
Институтот наведува дека располага со протоколи, реагенси, опрема, стручен кадар и методологија за дијагностика и евентуална реакција доколку има потреба.

